REPLACE матрица за греење

REPLACE матриците за греење овозможуваат основен преглед при замена на неефикасен систем за греење. Со нивна помош може да се одреди кој систем за греење (обновлив извор на енергија или приклучок на централен систем за греење) одговара на Вашиот индивидуален или станбен објект. Каков вид на систем за греење се препорачува зависи од квалитетот на објектот, односно од побарувачката на топлина (kWh/m2) и годината на изградба според Сертификатот за енергетски перформанси. Извештајот ги прикажува матриците за греење и за двата типа на објекти во девет европски земји.    

Без разлика дали се работи за нова градба или реновирање на постојан објект, Вашиот нов систем за греење што користи обновлива енергија (печка, котел или приклучок за централно греење) придонесува за заштеда на трошоците, удобност и пријатна атмосфера. Исто така, дава значаен придонес за ублажување на климатските промени и за одржување на економската моќ во регионот и безбедно снабдување со енергија. Сето ова може да се постигне од локални извори на енергија, сончева, биомаса или амбиентална топлина достапна со електрична енергија од вода, ветер, сонце преку топлински пумпи или од централната топлинска мрежа. 

Во секоја од деветте земји-партнери во проектот REPLACE, системите за греење во двете матрици беа класифицирани според систем на „семафор“. Градацијата се заснова на сеопфатен каталог на критериуми, при што удобноста за греење, трошоците за инвестиции и емисиите на јаглерод диоксид се едни од главните критериуми. На пример, системите за греење означени со темно-зелени полиња имаат многу ниски емисии на јаглерод диоксид со ниски трошоци за инвестиции и голема удобност. Системите за греење означени со жолти полиња се препорачуваат само условно, а оние обележани со црвена боја не се препорачуваат поради неисполнување на горенаведените критериуми. 

  • Објектите се поделени во неколку категории од пасивни, ниско-енергетски до стари или енергетски неефикасни објекти. 
  • Системите за греење опфаќаат топлински пумпи, котел на пелети, централно греење или различни печки. 
  • Скалата од зелена, жолта и црвена боjа означува кој систем за греење најдобро одговара на одреден тип на објект. Побарајте зелено поле.
  • Со движење на курсерот низ матрицата се отвораат дополнителни информации кои објаснуваат на што треба да се внимава при избор на одреден систем за греење и зошто тој систем се препорачува или не се препорачува.

Прегледот служи како основа за што понатаму би требало да се побара стручен совет од енергетски експерти и да се дефинираат детали.

Совет: REPLACE препорачува да се провери изолацијата на објектот и системот на дистрибуција на топлина од страна на енергетски контролор пред да се направи било каква замена на систем за греење. Добра топлинска изолација, нови и квалитетни прозорци и избалансирано хидраулично снабдување со топлина спречуваат загуба на топлина и со тоа значително се намалуваат годишните трошоци за греење и инвестициите потребни за новиот систем за греење.

Напомена 

Организацијата SDEWES-Скопје согласно своите знаења и способности ја создаде оваа матрица за греење за избор на најсоодветен систем за греење врз основа на оригиналната матрица за греење на Австриската иницијатива за заштита на климата klimaaktiv во рамките на Федералното министерство за заштита на клима, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија. Оваа матрица е прилагодена во однос на регионалните структурни, економски и еколошки релевантни услови, односно земени се во предвид различните климатски услови, градежни стандарди, учество на јаглен, нафта, природен гас во националниот енергетски микс за работа на топлински пумпи итн., во однос на препорачаните технологии за греење.

Матрицата е креирана од страна на SDEWES-Скопје во координација со релевантните регионални чинители. Авторите не прифаќаат било каква одговорност за правилноста, комплетноста и актуелноста на содржината. Покрај тоа, се исклучува одговорноста на авторите за секоја штета, директна или индиректна, како и материјална или нематеријална штета предизвикана од употреба или неупотреба на дадените информации. Истото важи и за Европската комисија која ги финансира Матриците за греење и Австриската влада (особено БМК) која ја озбезбеди и разви оригиналната верзија. 

Cookie Consent with Real Cookie Banner