REPLACE калкулатор за вашиот систем за греење

Со што може да ги замените нафтата, гасот или неефикасниот систем за греење? Со REPLACE калкулаторот, можете да ја пронајдете најдобрата алтернатива за стариот систем за греење која климатски прифатлива во само три чекори. Погоден е и за за реновирање или замена на вашите котли или печки, прилагоден на вашиот дом и вашата ситуација во 10 европски целни региони. Калкулаторот е достапен на 8 јазици (BiH, DE, BG, ES, HR, MK, RS, SL) со функција речиси како енергетски консултации.

REPLACE калкулаторот

тековната потрошувачка на енергија

  • тековната потрошувачка на енергија
  • системот за испорака на топлина и подготовка на топла вода,
  • можноста за поврзување со централна/локална мрежа за греење,
  • достапноста на просторија за складирање на биомаса и
  • пристапноста на камион со пелети.

Покрај тоа,

  • вклучени се тековните субвенции од 10 европски целни региони,
  • алатката се карактеризира со технички и економични стандардни вредности што се однесуваат на различни објекти од семејни куќи до блокови на станови со простор до 1.500 m² за живеење,
  • им помага на крајните потрошувачи, посредници (како инсталатери, енергетски консултанти итн.) и инвеститори во брз и професионален режим, да ги земат во предвид вистинските вредности специфични за проектот, и
  • обезбедени се многу дополнителни информации како технолошки информации, национални примери за најдобри практики и корисни контакти за замена на котел и печка.

Резултатот е финансиско разгледување на инвестицијата, оперативни и целосни трошоци, како и годишните заштеди на трошоците, но и приказ на годишните емисии на СО2.

„White-label“алатка достапна на 8 јазици

Калкулаторот може да се користи и како „white-label“ алатка. Бизнисите, инсталатерите, енергетските советници итн. можат да го интегрираат REPLACE калкулаторот на нивната веб -страница или да обезбедат врска до веб-страница на калкулаторот. Оваа опција ќе го олесни процесот на донесување на одлуки за пронаоѓање на најдоброто решение за вашата куќа заедно со вашиот енергетски консултант или вашиот инсталатер. Ве молиме контактирајте го вашиот национален партнер на проектот REPLACE за повеќе детали.

Cookie Consent with Real Cookie Banner