REPLACE – Да го направиме греењето и ладењето за Европските потрошувачи ефикасно, економично, чисто и климатски-прифатливо

Solarthermie Montage Copyright Austria Solar - Sonnenkraft
© Austria Solar/Sonnenkraft
Во Европа, 50% од вкупната енергија за крајна потрошувачка отпаѓа на секторот греење и ладење и преку 68% од увозот на природен гас. Затоа, намалувањето на потрошувачката на енергија и зголемувањето на процентот на обновлива енергија во овој сектор е клучно за успешна Европска Унија.

Особено, фактот што од вкупно 120 милиони инсталирани системи за просторно греење во Европа, 80 милиони моментално им припаѓаат на C или D енергетска класа, е мотив за потрошувачите што поскоро да ги променат своите уреди со поефикасни и зелени алтернативи.
© Ricardo Arce/Unsplash
Проектот REPLACE од програмата на ЕУ, Хоризонт 2020, има за цел да ги поддржи Европските цели за енергија, клима, животна средина, како и економските и општествените цели за 2030 и 2050 преку засиленo отстранување на неефикасни и стари системи за греење и ладење со обновливи. Поточно, проектот е насочен кон потрошувачите, инвеститорите/сопствениците како и посредниците (инсталатери, чистачи на оџаци и консултанти) и им помага во донесување на правилни одлуки преку добро информирање.

Сите активности предложени од REPLACE имаат за цел да ги информираат и мотивираат крајните потрошувачи да ги заменат своите стари и неефикасни уреди за греење и ладење со подобри, еколошки алтернативи со можност за дополнителни придобивки, како финансиска заштеда, подобрување на квалитетот на воздухот, удобност на корисниците, оперативна сигурност и безбедност во снабдувањето со енергија (поради искористување на локално достапна и финансиски стабилна енергија од обновливи извори). Замената на уредите од системите за греење и ладење, исто така, може да ја зголемат вредноста на имотот кој би се снабдувал со обновлив и одржлив извор на енергија.
© photos-hobby/Unsplash
REPLACE цели и
    • да се разберат пазарите на топлина, како и размислувањата и потребите на крајните потрошувачи, посредници (инсталатери, чистачи на оџаци, енергетски консултанти) и инвеститори,
    • да се идентификуваат и намалат бариерите на пазарот и да се поттикне опкружувањето со подобри и доверливи услуги,
    • да се подобрат условите за работа и планирање и да се зголеми безбедноста за инвестирање,
    • да се подобри информирањето на сите чинители за придобивките од замената на системите за греење и ладење,
    • да им се овозможи на потрошувачите да донесат одлуки со претходни добри информации, поттикнувајќи го одржливото енергетско однесување и навики,
    • да се зајакне довербата на крајните потрошувачи за посредниците и сигурноста на системите за греење и ладење кои користат обновлив извор на енергија,
    • да се пренесе знаењето на напредните земји кон помалку напредните земји на ова поле, како на пр. преку обука на инсталатери во Југоисточна Европа,
    • да се направат и спроведат локално- прилагодени кампањи со цел решавање и надминување на бариерите за замена на системите за греење и ладење во десет Европски пилот региони со истовремено тестирање и нивно подобрување,
    • да има достапни резултати од проектот како пример за други земји и региони
REPLACE исто така се осврнува и на сиромаштијата со гориво и предизвиците со половата застапеност. Го намалува и ризикот од енергетска криза преку поддршка за употреба на регионални обновливи извори на енергија (како сончева, амбиентален воздух или биомаса) и уреди за системите за греење и ладење произведени во ЕУ (котли на биомаса, топлински пумпи, сончеви колектори итн.)
© Felipe Furtado/Unsplash
REPLACE има за цел во десет одбрани региони од Западна преку Средна до Југоисточна Европа, со преку 8 милиони жители, да ја подобри координацијата во локалните средини за спроведување на кампањи. Со цел да се спроведат ефикасни кампањи, REPLACE:
    • утврдува потреби за спроведување на активности поврзани со инфраструктура, прописи и закони,
    • истражува начини на размислување и потреби
    • користи успешни примери од претходни проекти и
    • развива акциони планови прилагодени за секој регион.
© Nik MacMillan/Unsplash
Локалните работни групи се клучни за прилагодување на REPLACE кампањите за различни регионални потреби. Работните групи ги поврзуваат сите главни чинители во секој регион – локална самоуправа, здружение на потрошувачи, инсталатери, енергетски компании и професионални здруженија - како би се подготвил терен за спроведување на регионални кампањи и да се насочи широкиот спектар на активности кои REPLACE ги вклучува.

Како основен пристап, REPLACE ги поврзува различните посредници кои имаат постојат пристап до потрошувачите (како чистачи на оџак или инсталатери) и креатори на политики како би се развиле заеднички активности со максимален ефект. REPLACE овозможува поддршка на локалната работна група преку комуникација и специфични акции кои се насочени кон потребите на сите релевантни заинтересирани страни.
© Marianne Bos/Unsplash
Акцијата, уште од самиот почеток, е амбициозна поради фактот што луѓето, често, не сакаат да се справуваат со системите за греење. Затоа, застарените системи за греење се заменуваат само тогаш кога се расипуваат или имаат некаков дефект, а тоа значи дека корисниците нема да имаат доволно време да се информираат или да го променат изворот на енергија. Информациите потребни за промена се многубројни и потребно е да се консултираат различни чинители. Во многу случаи, корисниците се финансиски попречени да инвестираат во потенцијални, поскапи системи за греење и ладење со ниски CO2 емисии, иако трошоците за работниот век на уредите се значително пониски и помалку ризични.

  Целта на REPLACE е да се справи со тие и други локални предизвици и бариери преку развивање и тестирање на локално прилагодени кампањи за замена, за прв пат, истовремено во десет Европски пилот-региони со вкупно население од 8 милиони жители. Кампањите за замена треба да започнат и да бидат поддржани од партнерите на проектот и од страна на локалните работни групи како што се администрација, крајни потрошувачи, инсталатери, чистачи на оџаци, енергетски консултанти и компании,  креатори на политики и други клучни чинители.
© Klara Vernarcova/Unsplash
Локалната работна група ќе создаде поволно опкружување, ќе понуди атрактивни пакет решенија за замена и ќе им овозможи на крајните потрошувачи да носат одлуки со помош на правилни информации. Врз основа на првичните истражувања, елементите од овие пакет решенија, во најдобар случај, го вклучуваат следното:

    • „Означување на староста на котлите“ од страна на чистачите на оџаци, со цел зголемување на свеста на потрошувачите и прибирање на податоци за локалната работна група и за мапите со информации за замената
    • Независни енергетски консултанти (“one-stop shops”) кои ќе советуваат за најсоодветните нови системи за греење кои користат обновливи извори на енергија. Истите ќе внимаваат дали “пакетот со помош“ и листата на инсталатери се комплетни. Воедно ќе се следи и реакцијата на корисниците во однос со преземените технички мерки и целосната процедура: на лице место и бесплатно,
    • Пакет ("all-round carefree package") понуден од наведените инсталатери од кои се бара за состават договор за пакетот, вклучувајќи ги сите трошоци и услуги потребни за
      • отстранување на стари уреди и гориво,
      • инсталација и пуштање во употреба на нов систем, вклучително и електрични инсталации итн.,
      • можни привремени, мобилни транзитни решенија за греење, како и
      • барања за дозволи и субвенции, доколу постојат.
    • „финансиски пакет“, како на пр. администрација
      • финансиска стимулација или надминување на постоечките „stop-and-go“ финансирања,
      • преговори со банките за предвидливи и достапни каматни стапки (по можност во рамките или помали од годишната финансиска заштеда по приклучок за гориво),
      • преговори со снабдувачи на алтернативни системи за греење и ладење за попусти на уреди или гориво, и
      • хипотекарни заеми во случај на енергетска сиромаштија или на постари лица со потешкотии да аплицираат за заем,
    • „Колективни акции“ кои се однесуваат на мерки за енергетска ефикасност пред или за време на замената на системите за греење, колективно огранизирани (од страна на огранизација), како на пример
        • колективна топлинска изолација на покривот, на пр. во куќи
        • колективна имплементација на евтини и едноставни мерки за проверка на системите за греење, или
        • колективно купување на фотоволтации на пр. со уреди за загревање на топла вода или системи за ладење - клима уреди.
Промени од овој прелиминарен концепт (напишан во раната фаза на планирање на овој проект) се можни зависно од локалните услови и можности.
© Energiewende Oberland: Mobile heating container
Локалната работна група во својата кампања за замена ќе спроведе најмалку шест активности за поддршка (наведени подолу) кои ќе го дополнат целокупниот концепт за имплементација составен од погоре споменатите пакет решенија:
    1. REPLACE информативни центри во општините и другите јавни органи
    2. Отворени настани во куќи (подруми)
    3. Едукативна тура за системи со добри практики
    4. Означување на куќите, на пр. во зависност од степенот на тоа колку се климатски прифатливи
    5. Три вебинари за употреба на „Калкулатор на замена на Вашиот систем за греење“
    6. Шест физибилити студии за замена на котли по региони, кои ќе бидат понудени бесплатно
    7. Информативни штандови на саеми или настани од оваа област
    8. Информативни штандови на тема климатизација и вентилација
    9. Пример од подвижен уред за греење, на пр, како дел од „пакетот со помош“
    10. Пример од снабдувач на енергија, енергетска компанија/инсталатер кој станал изведувач
    11. Пример од соработка на инсталатер (снабдувач на опрема) и изведувач (планирање и финансирање)
    12. Пример на мултифункционални фасади
Од суштинско значење за спроведување на кампањите се комуникациската стратегија специфична за целна група со разни маркетинг (know-how & show-how) активности. Со овој пакет на активности REPLACE ќе создаде услови и заеднички решенија за спроведување со локалното население и ќе им овозможи на чинителите во другите региони и земји да реплицираат слични пристапи, со што греењето во Европа ќе биде ефикасно и климатски прифатливо.
Christopher Burns - Unsplash
© Christopher Burns/ Unsplash
REPLACE ги спроведува регионалните кампањи кои може да се реплицираат и ги прави одржливи тако што:

                              • Сите материјали се достапни,
                              • Нуди инструменти за кампањи (прирачници за корисници, посредници и инвеститори),
                              • Презентира успешни примери,
                              • Обезбедува материјал за едукација и обука за семинари во регионите,
                              • Овозможува подобрувања во политичкиот и бизнис секторот.
Во текот на проектот ќе се развие основен алат под името “REPLACE - Калкулатор  за Вашиот систем на греење”. Алатката ќе влијае на зголемување на свеста на потрошувачите и инвеститорите околу финансиските и други предности со замена на системите за греење и ладење и ќе се осигура зголемен број заеднички акции.
REPLACE просторно се фокусира на Западна, Централна и Југоисточна Европа: Покрива 9 земји со 10 репрезентативни целни региони со вкупно 8,3 милиони жители:

    • Австрија: Сојузна покраина Салцбург
    • Босна и Херцеговина: Сараевски кантон
    • Бугарија: Родопски планински регион
    • Хрватска: Приморско-горска жупанија, Загреб со три гранични области
    • Германија: Горна Баварија
    • Северна Македонија: Скопски регион
    • Србија: Град Шабац
    • Словенија: Словенија
    • Шпанија: Кастиља и Леон
Концентрирајќи се на овие региони, REPLACE ги истражува можните технологии за греење и ладење и соодветните системи кои користат обновливи извори на енергија. За таа цел, проектот развива индивидуални пристапи, истражува сличности и генерира решенија кои може да се прошират во рамките, но и надвор од целните региони.
Emilija Mihajloska
MEDUNARODNI CENTAR ZA ODRZIVI RAZVOJ ENERGETIKE VODA I OKOLISA SDEWES
Boulevard 8-mi Septemvri 2-1/48
1000 Skopje
Makedonija
emilija.mihajloska@sdewes.org
http://www.sdewes.org/macedonian_section.php