REPLACE – Препораки за енергетската транзиција со фокус на сектор греење во Северна Македонија

Од ноември 2019 до април 2023 година, проектот REPLACE на Европската Унија ги поддржа домаќинствата да ги заменат своите стари, неефикасни системи за греење со модерни, чисти и климатски прифатливи системи за греење кои обезбедуваат поголема удобност на крајните корисници. Во контекст на енергетската и климатската криза, овозможувањето на енергетски системи засновани на локални, обновливи извори на енергија, наместо на фосилни горива увезени од недемократски држави, е многу релевантно за слободните општества.

Овој документ содржи препораки за дејствување на политичко ниво за пазарот за греење во Северна Македонија, кои SDEWES-Скопје ги сметаат за корисни за транзицијата за греење врз основа на резултатите од проектот.

Дополнителни три извештаи се објавени во проектот REPLACE – резиме на резултатите REPLACE, преглед на кампањи за замена и заклучоци за креаторите на политиките

Од ноември 2019 до април 2023 година, REPLACE ги поддржа домаќинствата, но и посредниците, политичарите и инвеститорите во транзицијата од стари и неефикасни системи за греење и ладење кон климатски прифатливи решенија. На крајот од проектот, три извештаи ги сумираат резултатите и можат да послужат како инспирација за сите оние кои се заинтересирани да направат замена на системи за греење кои се еколошки прифатливи. Сите извештаи се достапни на англиски јазик.

Continue reading “Дополнителни три извештаи се објавени во проектот REPLACE – резиме на резултатите REPLACE, преглед на кампањи за замена и заклучоци за креаторите на политиките”

Како да се поддржи замената на системите за греење и ладење – објавени се 3 збирни REPLACE извештаи

Проектот REPLACE ги мотивираше домаќинствата во осум европски земји да ги заменат нивните неефиксни системи за греење и ладење со климатски-прифатливи алтернативи. Следните три извештаи даваат преглед на мерките кои ја поддржуваат замената за системи за греење и ладење во проектните региони на REPLACE.

Continue reading “Како да се поддржи замената на системите за греење и ладење – објавени се 3 збирни REPLACE извештаи”

Завршна конференција на проектот REPLACE – визија за иднината, обновливите технологии, пречките и решенијата за греење и ладење

Одржување на топлината во време на криза

„Одржување на топлината во време на криза“ беше мотото на финалната конференција REPLACE, со околу 120 учесници во Брисел и онлајн на 21 март 2023 година. Проектот кој започна во 2019 година ги поддржа домаќинствата во осум европски земји да ги заменат своите неефикасни системи за греење и ладење со климатски прифатливи алтернативи. Во текот на проектот, светот се соочуваше со масовна епидемија предизвикана од COVID-19, а потоа и енергетска криза. Сето тоа влијаеше и на имплементацијата во проектните региони од проектот REPLACE.

Како што истакна Карлис Голдстајн од Министерството за економски прашања и комуникација од Естонија во неговиот говор: „Не очекувавме дека ќе се најдеме во сегашната геополитичка ситуација, а воедно и енергетската транзиција. … ако сега почневме да размислуваме за решенијата, тогаш ќе изгубевме неколку добри години. Многу сум благодарен на тимот на проектот REPLACE за сите нивни напори. Нивните резулати доаѓаат во вистинско време и од голема важност е истите да се разгледаат и промовираат пред поширока јавност“.

Continue reading “Завршна конференција на проектот REPLACE – визија за иднината, обновливите технологии, пречките и решенијата за греење и ладење”

Финални извештаи за климатски прифатливи опции за греење – преглед на последниот состанок на конзорциумот на проектот REPLACE во март 2023 година

Проектот REPLACE произведе бројни материјали и акции кои ги поддржуваат домаќинствата, но и професионалците и носителите на политички одлуки во транзицијата за климатско прифатливо греење. Резултатите, но и нивната промоција и придобивки од истите во иднина беше тема на последниот проектен состанок на 22 март 2023 година во Брисел.

Continue reading “Финални извештаи за климатски прифатливи опции за греење – преглед на последниот состанок на конзорциумот на проектот REPLACE во март 2023 година”

Добри практики на обновливи системи за греење кај домаќинства

Оваа кампања опфати два најдобри практики на обновливи системи инсталирани во КАГоП регионот. Последните месеци од 2022 година, сопствениците на системите го поканија тимот на SDEWES-Скопје и енергетскиот консултант да ги покажат и објаснија нивните еколошки системи и придобивките што ги искусуваат.

Continue reading “Добри практики на обновливи системи за греење кај домаќинства”

Олеснување на реализацијата на иновативни модели за соработка помеѓу монтери и изведувачи на постројки

Олеснувањето за реализација на иновативни модели на соработка беше поддржано со тркалезна маса со важен придонес од релевантни клучни чинители. Оваа работилница беше организирана на 13 февруари 2023 година во Скопје со осум чинители.

Continue reading “Олеснување на реализацијата на иновативни модели за соработка помеѓу монтери и изведувачи на постројки”

Овозмжување на колективна акција за одржливо греење и ладење во КАГоП регион

Во периодот март – јули 2022 година, предфизибилити студија за постоечка зграда која ја проценува економската оправданост на група станови кои колективно купуваат инвертер клима и фотоволтаици (ФВ) и дејствуваат како енергетска заедница која дели електрична енергија внатрешно.

Continue reading “Овозмжување на колективна акција за одржливо греење и ладење во КАГоП регион”

Кампања „Офанзива за заштеда на енергија“ со годишно означување на котлите во КАГоП регион

Во текот на изминатата година локалната работна група во КАГоП регионот идентификуваше потенцијални куќи кои користат неефикасен систем за греење.

Continue reading “Кампања „Офанзива за заштеда на енергија“ со годишно означување на котлите во КАГоП регион”

REPLACE моменти во Северна Македонија: Се прашувате која опција за греење е исплатлива за станбена зграда? SDEWES-Скопје изработи техно-економска студија за Северна Македонија за избор на систем за греење како колективна акција

Ако размислувате да поставите обновлив систем за греење не само за вашата куќа, туку и за повеќестанбена зграда, процесот е полесен ако однапред можете да процените дали инвестицијата би се вратила во краток период. SDEWES-Скопје, партнерот од REPLACE разви техно-економска студија за репрезентативна зграда во КАГоП регионот која покажа ветувачки резултати.

Continue reading “REPLACE моменти во Северна Македонија: Се прашувате која опција за греење е исплатлива за станбена зграда? SDEWES-Скопје изработи техно-економска студија за Северна Македонија за избор на систем за греење како колективна акција”
Cookie Consent with Real Cookie Banner