Завршна конференција на проектот REPLACE – визија за иднината, обновливите технологии, пречките и решенијата за греење и ладење

Одржување на топлината во време на криза

„Одржување на топлината во време на криза“ беше мотото на финалната конференција REPLACE, со околу 120 учесници во Брисел и онлајн на 21 март 2023 година. Проектот кој започна во 2019 година ги поддржа домаќинствата во осум европски земји да ги заменат своите неефикасни системи за греење и ладење со климатски прифатливи алтернативи. Во текот на проектот, светот се соочуваше со масовна епидемија предизвикана од COVID-19, а потоа и енергетска криза. Сето тоа влијаеше и на имплементацијата во проектните региони од проектот REPLACE.

Како што истакна Карлис Голдстајн од Министерството за економски прашања и комуникација од Естонија во неговиот говор: „Не очекувавме дека ќе се најдеме во сегашната геополитичка ситуација, а воедно и енергетската транзиција. … ако сега почневме да размислуваме за решенијата, тогаш ќе изгубевме неколку добри години. Многу сум благодарен на тимот на проектот REPLACE за сите нивни напори. Нивните резулати доаѓаат во вистинско време и од голема важност е истите да се разгледаат и промовираат пред поширока јавност“.

Визија во иднината за секторот за греење и ладење и три технологии кои користат обновливи извори на енергија

По претставување на проектот REPLACE од страна на координаторот на проектот Херберт Третер (Австриска енергетска агенција), Карлис Голдштајн во својот говор ја претстави визијата за идниот сектор за греење и ладење во ЕУ. Меѓу другото, тој ги претстави опциите за климатски прифатливо греење и ладење, како што се просторно планирање, електрификација и складирање и навести дека правичноста е најкритична точка за општествена корист.

На конференцијата беа презентирани и три технологии на обновливи извори на енергија: Во однос на биоенергијата, Манолис Карампинис (Биоенергија Европа) укажа на потребата од јасни и конзистентни политики и владина поддршка за масовно преминување на уреди за обновливи извори на енергија. Во врска со топлинските пумпи за греење во домаќинствата, Џозефин Ванбекеларе (Европска асоцијација за топлински пумпи) се фокусираше на прашањето дали топлинските пумпи можат да испорачаат доволно топлина и ги истакна вештините на инсталатерите како клучен фактор за поттикнување на употребата на топлински пумпи во домаќинствата. Улогата на централното греење во декарбонизацијата на секторот за греење беше претставена од Амели Анчеле (Енергетски градови). Во проектот The Decarb City Pipes 2050, 7 градови развиваат стратегии за декарбонизација, вклучувајќи мапи за енергетско планирање, приспособени на ЕУ, националните и локалните политики.

Цели, пречки поврзани со кризата и решенија за топлинската транзиција во Европа

Дражен Балиќ (Институт за енергетика Хрвоје Пожар, Хрватска) ги претстави целите и пречките поврзани со кризата за топлинската транзиција во Европа. Меѓу другото, Балиќ се осврна на глобалните предизвици како што се климатските кризи и поскапувањето на горивото, технолошките и пазарните бариери и решенија како силна регулаторна рамка и вклучување на граѓаните.

Решенија од пилот регионите на REPLACE

Во сесијата за решенија, учесниците се информираа повеќе за локалните мрежи за централно греење од биомаса кои можат да го намалат недостатокот на инсталатери (Германија), австрискиот едношалтерски систем кој ги прави замените на греењето што е можно поедноставни, побрзи и поодржливи, обезбедувајќи 15 задолжителни услуги од основниот сè-во-едно пакет, успешна соработка помеѓу неколку организации во Словенија што доведе до зацврстување на кампањите и материјалите од REPLACE на национално ниво и информативните центри во Босна и Херцеговина кои допреа до повеќе од 1000 крајни потрошувачи.

Панел дискусија: како може да се имплементира транзиција на топлинска енергија во домовите во Европа

Панел дискусијата се фокусираше на тоа како може да се имплементира транзицијата на топлинска енергија во домовите во Европа. Во врска со топлинските пумпи, Џозефин Ванбекеларе ги спомна стандардизацијата и plug&play системите за да се олеснат и поевтинат инсталациите. Во врска со биоенергијата, Манолис Карампинис тврдеше дека аспектот на обновливите извори на биотоплина треба подобро да се препознае и да им се овозможи на корисниците безбедно да инвестираат во топлина од биоенерија.

Говорејќи за проектните региони, Франциско Пуенте од Шпанија истакна дека нема едно решение за сите згради, туку дека технологијата за греење треба да се приспособи на ситуацијата, климата итн., Ангел Николаев од Бугарија го посочи предизвикот со недостатокот на субвенции за замена во неговиот регион за домаќинства со ниски приходи, а Наташа Марковска од Северна Македонија посочи на потребата од мапа за греење и ладење низ целата земја како планска основа за сите чинители.

REPLACE Билтен #4 – Завршна конференција

Презентации и видео снимки

Доколку сте заинтересирани за повеќе детали, сите презентации и видео снимки се достапни овде.

Cookie Consent with Real Cookie Banner