Целта на проектот REPLACE е да ги мотивира и поддржи луѓето во целните региони на девет различни земји да ги заменат своите стари системи за греење со еколошки алтернативи или да спроведат едноставни мерки за реновирање кои ја намалуваат вкупната потрошувачка на енергија во зградите.

За замената да биде успешна, посветеноста на посредниците и инвеститорите е исто толку неопходна, колку и вклучувањето на крајните корисници.

  • Овој извештај има за цел добро да ги запознае професионалните посредници (како што се инсталатери, чистачи на оџаци, градежници, енергетски советници итн.) со опциите за обновливи системи за греење и ладење достапни на пазарот денес, како и со пресметките на заштеда на енергија, финансии и пошироки општествени придобивки од замените за греење и ладење.
  • Извештајот ги информира инвеститорите (или институции за финансирање, јавни власти, снабдувачи на енергија или сопственици на домови) за економски прашања, најдобри практики и иновативни деловни модели, како и модели на договори за решенија за обновливо греење и ладење.

Денес има огромен број решенија за греење што можат да ги изберат потрошувачите, професионалните посредници и инвеститорите: додека необновливи технологии што работат на фосилни горива постојат и сè уште се достапни на пазарот, овој извештај опфаќа и се осврнува само на системите за греење и ладење кои користат на обновливи извори на енергија.

Cookie Consent with Real Cookie Banner