REPLACE – Препораки за енергетската транзиција со фокус на сектор греење во Северна Македонија

Од ноември 2019 до април 2023 година, проектот REPLACE на Европската Унија ги поддржа домаќинствата да ги заменат своите стари, неефикасни системи за греење со модерни, чисти и климатски прифатливи системи за греење кои обезбедуваат поголема удобност на крајните корисници. Во контекст на енергетската и климатската криза, овозможувањето на енергетски системи засновани на локални, обновливи извори на енергија, наместо на фосилни горива увезени од недемократски држави, е многу релевантно за слободните општества.

Овој документ содржи препораки за дејствување на политичко ниво за пазарот за греење во Северна Македонија, кои SDEWES-Скопје ги сметаат за корисни за транзицијата за греење врз основа на резултатите од проектот.

Cookie Consent with Real Cookie Banner