Дополнителни три извештаи се објавени во проектот REPLACE – резиме на резултатите REPLACE, преглед на кампањи за замена и заклучоци за креаторите на политиките

Од ноември 2019 до април 2023 година, REPLACE ги поддржа домаќинствата, но и посредниците, политичарите и инвеститорите во транзицијата од стари и неефикасни системи за греење и ладење кон климатски прифатливи решенија. На крајот од проектот, три извештаи ги сумираат резултатите и можат да послужат како инспирација за сите оние кои се заинтересирани да направат замена на системи за греење кои се еколошки прифатливи. Сите извештаи се достапни на англиски јазик.

Извештај D1.2 Одржување на топлина во време на криза ги прикажува резултатите од REPLACE и истите се концизно и графички илустрирани на 18 страници. Воедно ја прикажува соработката со Локалните работни групи кои помогнаа да се обликуваат кампањите и рамковните услови за транзицијата на греење и ладење во деветте REPLACE региони. Извештајот дава преглед на кампањите во регионите и на главните резултати од проектот, од заштедените емисии на CO2 до инвестициите активирани во обновливите извори на енергија. Теми кои исто така се опфатени се алатките на REPLACE развиени за поддршка на домаќинствата и професионалците, како што е калкулаторот REPLACE и два прирачници ориентирани кон практика, успешни приказни од REPLACE регионите и 12 препораки за јавниот сектор.

Извештајот D6.2 дава детален преглед на кампањите спроведени во осум земји од Западна преку Централна до Југоисточна Европа. Сите активности служеа за зголемување на усвојувањето на обновливите извори на системи за греење и ладење и зголемување на свеста за енергетски ефикасните практики за греење. Активностите вклучуваа обележување на стари котли и 100% обновливи системи за греење, организирање општински информативни центри и екскурзии за најдобра практика на RHC системите, промоција на мобилните уреди за итни случаи за греење, соработка на монтери и изведувачи и реализација на колективни акции за промовирање на RHC системи. Дополнително, активностите имаа за цел да ги решат прашањата за финансирање и достапност и обезбедија информации преку вебинари, информативни вечери и all care free пакети за замена на системите за греење.

Извештај D6.4: REPLACE заклучоци за креаторите на политиките – замена на системите за греење во време на кризи, е резултат на проектот REPLACE и ги одразува мислењата на многу европски експерти во областа на обновливите извори на енергија и одржливи системи за греење и ладење.

Беа земени предвид искуствата на девет различни пазари (два од нив надвор од Европската Унија), а во овој извештај се претставени последователните препораки. Јасно е дека мора да се преземе акција сега и дека постојат постојни и зрели технологии за декарбонизација на секторот. Воедно се претставени дванаесет мерки и насоки, каде што би биле потребни политички активности за подобро да се поттикне и забрза транзицијата на топлинска енергија во Европа. Дополнително, во овој извештај се прикажани иновативните идеи кои беа развиени за време на REPLACE за поддршка на топлинската транзиција.

Cookie Consent with Real Cookie Banner