Кампања „Офанзива за заштеда на енергија“ со годишно означување на котлите во КАГоП регион

Во текот на изминатата година локалната работна група во КАГоП регионот идентификуваше потенцијални куќи кои користат неефикасен систем за греење.

Со воспоставување на контактите, беа подготвени соодветни етикети заедно со прирачници и други материјали со цел да се поттикне замена на постоечкиот систем. Официјалната промоција на кампањата започна во јули и траеше до крајот на годината, со идентификација на 8 случаи во трите општини од регионот КАГоП (Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром). Посетите беа спроведени со енергетски контролер, кој на крајните корисници им ги објасни придобивките од замената на сегашниот, стар систем со еколошка алтернатива.

Системите во куќите што ги посетивме беа различни, но фокусот беше на котлите на нафта и електрични котли и греалки, како и стари печки на дрво, како технологиите за кои се верува дека немаат место како идни опции за греење. Крајните корисници се запознаа со несаканите ефекти на нивниот сегашен систем и со најсоодветните опции за нивната конкретна средина. Воедно, тие изразија благодарност за ваквата иницијатива и силно охрабруваат повеќе слични акции преку  директен, билатерален и посветен контакт, како што беше оваа конкретна активност организирана во рамките на проектот REPLACE.

Cookie Consent with Real Cookie Banner