Овозмжување на колективна акција за одржливо греење и ладење во КАГоП регион

Во периодот март – јули 2022 година, предфизибилити студија за постоечка зграда која ја проценува економската оправданост на група станови кои колективно купуваат инвертер клима и фотоволтаици (ФВ) и дејствуваат како енергетска заедница која дели електрична енергија внатрешно.

Студијата опфаќа многу детали, почнувајќи од развиена методологија и дефинирање на критериумите за избор на градба. Потоа следеше процесот на собирање податоци за избраната зграда. Дополнително, беа направени неколку анализи како што се анализа на ФВ систем со PVSOL, пресметка за замена на системите за греење со REPLACE калкулаторот и NPV и анализа на животната средина. Резултатите ги покажаа трошоците за производство на електрична енергија, CO2 и инвестиции со предложениот систем.

Со цел дисеминација на тие резултати и презентирање на студијата на случај, SDEWES-Скопје и локалната работна група од КАГоП регионот организираа семинар на 31 јануари 2023 година, како целодневен настан во Скопје. Вкупно 35 учесници беа присутни на овој настан, како што се претставници на јавниот сектор на владино и локално ниво, невладини организации, компании за продажба, сервис, монтирање на фотоволтаици, крајни корисници, академска заедница, итн. Настанот беше структуриран во три дела, првиот дел опфати 3 презентации, за декарбонизација на секторот за греење и ладење, колективни акции како катализатор на енергетската транзиција и колективна акција за сопствена потрошувачка во зграда со инсталирање на инвертери и фотоволтаици – студија на случај во Карпош. Во вториот дел беа претставени дигиталните алатки за обновливо греење и ладење, како и концептот за споделување енергија во заедниците на обновливи извори на енергија од европска перспектива. Настанот беше заокружен со панел дискусија со четворица панелисти и прашања и одговори од публиката.

Cookie Consent with Real Cookie Banner