REPLACE – Да го направиме греењето и ладењето за Европските потрошувачи ефикасно, економично, чисто и климатски-прифатливо

Особено, фактот што од вкупно 120 милиони инсталирани системи за просторно греење во Европа, 80 милиони моментално им припаѓаат на C или D енергетска класа, е мотив за потрошувачите што поскоро да ги променат своите уреди со поефикасни и зелени алтернативи.

Сите активности предложени од REPLACE имаат за цел да ги информираат и мотивираат крајните потрошувачи да ги заменат своите стари и неефикасни уреди за греење и ладење со подобри, еколошки алтернативи со можност за дополнителни придобивки, како финансиска заштеда, подобрување на квалитетот на воздухот, удобност на корисниците, оперативна сигурност и безбедност во снабдувањето со енергија (поради искористување на локално достапна и финансиски стабилна енергија од обновливи извори). Замената на уредите од системите за греење и ладење, исто така, може да ја зголемат вредноста на имотот кој би се снабдувал со обновлив и одржлив извор на енергија.

-
- да се разберат пазарите на топлина, како и размислувањата и потребите на крајните потрошувачи, посредници (инсталатери, чистачи на оџаци, енергетски консултанти) и инвеститори,
- да се идентификуваат и намалат бариерите на пазарот и да се поттикне опкружувањето со подобри и доверливи услуги,
- да се подобрат условите за работа и планирање и да се зголеми безбедноста за инвестирање,
- да се подобри информирањето на сите чинители за придобивките од замената на системите за греење и ладење,
- да им се овозможи на потрошувачите да донесат одлуки со претходни добри информации, поттикнувајќи го одржливото енергетско однесување и навики,
- да се зајакне довербата на крајните потрошувачи за посредниците и сигурноста на системите за греење и ладење кои користат обновлив извор на енергија,
- да се пренесе знаењето на напредните земји кон помалку напредните земји на ова поле, како на пр. преку обука на инсталатери во Југоисточна Европа,
- да се направат и спроведат локално- прилагодени кампањи со цел решавање и надминување на бариерите за замена на системите за греење и ладење во десет Европски пилот региони со истовремено тестирање и нивно подобрување,
- да има достапни резултати од проектот како пример за други земји и региони

-
- утврдува потреби за спроведување на активности поврзани со инфраструктура, прописи и закони,
- истражува начини на размислување и потреби
- користи успешни примери од претходни проекти и
- развива акциони планови прилагодени за секој регион.

Како основен пристап, REPLACE ги поврзува различните посредници кои имаат постојат пристап до потрошувачите (како чистачи на оџак или инсталатери) и креатори на политики како би се развиле заеднички активности со максимален ефект. REPLACE овозможува поддршка на локалната работна група преку комуникација и специфични акции кои се насочени кон потребите на сите релевантни заинтересирани страни.

Целта на REPLACE е да се справи со тие и други локални предизвици и бариери преку развивање и тестирање на локално прилагодени кампањи за замена, за прв пат, истовремено во десет Европски пилот-региони со вкупно население од 8 милиони жители. Кампањите за замена треба да започнат и да бидат поддржани од партнерите на проектот и од страна на локалните работни групи како што се администрација, крајни потрошувачи, инсталатери, чистачи на оџаци, енергетски консултанти и компании, креатори на политики и други клучни чинители.

-
- „Означување на староста на котлите“ од страна на чистачите на оџаци, со цел зголемување на свеста на потрошувачите и прибирање на податоци за локалната работна група и за мапите со информации за замената
- Независни енергетски консултанти (“one-stop shops”) кои ќе советуваат за најсоодветните нови системи за греење кои користат обновливи извори на енергија. Истите ќе внимаваат дали “пакетот со помош“ и листата на инсталатери се комплетни. Воедно ќе се следи и реакцијата на корисниците во однос со преземените технички мерки и целосната процедура: на лице место и бесплатно,
- Пакет ("all-round carefree package") понуден од наведените инсталатери од кои се бара за состават договор за пакетот, вклучувајќи ги сите трошоци и услуги потребни за
- отстранување на стари уреди и гориво,
- инсталација и пуштање во употреба на нов систем, вклучително и електрични инсталации итн.,
- можни привремени, мобилни транзитни решенија за греење, како и
- барања за дозволи и субвенции, доколу постојат.
- „финансиски пакет“, како на пр. администрација
- финансиска стимулација или надминување на постоечките „stop-and-go“ финансирања,
- преговори со банките за предвидливи и достапни каматни стапки (по можност во рамките или помали од годишната финансиска заштеда по приклучок за гориво),
- преговори со снабдувачи на алтернативни системи за греење и ладење за попусти на уреди или гориво, и
- хипотекарни заеми во случај на енергетска сиромаштија или на постари лица со потешкотии да аплицираат за заем,
- „Колективни акции“ кои се однесуваат на мерки за енергетска ефикасност пред или за време на замената на системите за греење, колективно огранизирани (од страна на огранизација), како на пример
-
- колективна топлинска изолација на покривот, на пр. во куќи
- колективна имплементација на евтини и едноставни мерки за проверка на системите за греење, или
- колективно купување на фотоволтации на пр. со уреди за загревање на топла вода или системи за ладење - клима уреди.
-

-
- REPLACE информативни центри во општините и другите јавни органи
- Отворени настани во куќи (подруми)
- Едукативна тура за системи со добри практики
- Означување на куќите, на пр. во зависност од степенот на тоа колку се климатски прифатливи
- Три вебинари за употреба на „Калкулатор на замена на Вашиот систем за греење“
- Шест физибилити студии за замена на котли по региони, кои ќе бидат понудени бесплатно
- Информативни штандови на саеми или настани од оваа област
- Информативни штандови на тема климатизација и вентилација
- Пример од подвижен уред за греење, на пр, како дел од „пакетот со помош“
- Пример од снабдувач на енергија, енергетска компанија/инсталатер кој станал изведувач
- Пример од соработка на инсталатер (снабдувач на опрема) и изведувач (планирање и финансирање)
- Пример на мултифункционални фасади

-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
- Сите материјали се достапни,
- Нуди инструменти за кампањи (прирачници за корисници, посредници и инвеститори),
- Презентира успешни примери,
- Обезбедува материјал за едукација и обука за семинари во регионите,
- Овозможува подобрувања во политичкиот и бизнис секторот.
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
-
REPLACE прост
орно се фокусира на Западна, Централна и Југоисточна Европа: Покрива 9 земји со 10 репрезентативни целни региони со вкупно 8,3 милиони жители:

-
- Австрија: Сојузна покраина Салцбург
- Босна и Херцеговина: Сараевски кантон
- Бугарија: Родопски планински регион
- Хрватска: Приморско-горска жупанија, Загреб со три гранични области
- Германија: Горна Баварија
- Северна Македонија: Скопски регион
- Србија: Град Шабац
- Словенија: Словенија
- Шпанија: Кастиља и Леон
Emilija Mihajloska
MEDUNARODNI CENTAR ZA ODRZIVI RAZVOJ ENERGETIKE VODA I OKOLISA SDEWES
Boulevard 8-mi Septemvri 2-1/48
1000 Skopje
Makedonija
emilija.mihajloska@sdewes.org
http://www.sdewes.org/macedonian_section.php
MEDUNARODNI CENTAR ZA ODRZIVI RAZVOJ ENERGETIKE VODA I OKOLISA SDEWES
Boulevard 8-mi Septemvri 2-1/48
1000 Skopje
Makedonija
emilija.mihajloska@sdewes.org
http://www.sdewes.org/macedonian_section.php