Објавен е извештајот D4.1: Матриците за греење ги прикажуваат препорачаните технологии за греење на ОИЕ во различни типови на објекти

Матриците за греење во Извештајот D4.1 даваат првичен преглед кој систем за греење со обновливи извори на енергија или централно греење е најсоодветен за објектите. Презентираните матрици беа прилагодени на локалните услови во однос на структурните и еколошките услови, градежните стандарди и економската одржливост.

Постојат две верзии на матрицата за греење: едната е за инвидуални семејни куќи, а другата е за поголеми станбени објекти или хотели. Системите за просторно греење кои користат енергија од обновливи извори користат сончева енергија директно преку сончеви колектори за подготовка на топла вода во домаќинствата и за дополнително просторно греење и индиректно како биомаса за котли или амбиентална топлина (вода, земја, воздух) за топлински пумпи.

Матриците се изведени од Австриската иницијатива за заштита на климата “klimaaktiv“.

Извештајот е достапен на англиски јазик.