Целта на проектот REPLACE е да ги мотивира и поддржи луѓето во целните региони на девет различни земји да ги заменат своите стари системи за греење со еколошки алтернативи или да спроведат едноставни мерки за реновирање кои ја намалуваат вкупната потрошувачка на енергија во зградите.
Со цел да ги поддржи потрошувачите да направат вистински избор за замена, овој извештај обезбедува практичен водич за крајните корисници кои размислуваат да го заменат својот систем за греење или да преземат мерка за енергетска ефикасност во нивниот дом.
- Извештајот ќе им даде корисни информации за економските, еколошките и социјалните придобивки од заменувањето на стариот и неефикасен систем за греење со иновативен систем со ниско ниво на јаглерод и со обновливи извори.
- Извештајот дава совети за чекорите што треба да ги преземе секој информиран потрошувач пред и за време на процесот на замена и одговара на најчестите прашања што ги поставуваат крајните корисници во овој контекст.
- Извештајот претставува сеопфатен список на обновливи технологии за греење и ладење што се моментално достапни на европскиот пазар преку концизни и илустрирани технолошки информации за технологиите.
Денес има огромен број решенија за греење од кои може да изберете: додека необновливите технологии работат на фосилни горива и сè уште се достапни на пазарот, овој извештај опфаќа и се осврнува само на системите за греење и ладење кои користат обновливи извори на енергија.