Прв состанок на работната група

Првиот состанок на работната група за КАГоП регионот во рамките на проектот REPLACE беше организиран на 12.05.2020 од страна на SDEWES-Скопје. Состанокот се одржа преку ZOOM платформата со цел презентација на целите и активностите на проектот. Проектот REPLACE се стреми да ги мотивира и поддржи луѓето во девет различни земји да ги заменат нивните стари системи со еколошки алтернативи. Локалната работна група вклучува чинители од општините Карпош, Аеродом, Ѓорче Петров, како и претставници од организациите ЦеПроСАРД, ХАБИТАТ-Македонија и Здружението на лиценцирани енергетски контролори. Вкупно 10 чинители го дадоа својот придонес на овој состанок каде се дискутираа актуелни теми.

Локалната работна група има клучна улога во имплементација на сите активности на терен и во промоција на тековни и идни настани. Нивниот позитивен став за целите на проектот и перспективата на регионалните кампањи го дефинираа одржувањето на следен состанок во следните неколку месеци.

Cookie Consent with Real Cookie Banner