Втора средба за проектот REPLACE – виртуелна и продуктивна

Вториот состанок на проектот REPLACE се одржа на 19 и 20 мај, 2020 година. Истиот првично беше планиран да се одржи во еден од регионите на земјите партнери, Баварија Оберленд во Германија, но поради ситуацијата со COVID-19 настанот се одржа виртуелно, а сепак со одлична дискусија. Покрај 12 партнери на проектот на тимот се придружија и три членови од одборот за консултација:

Gerhard Löffler од Кабинетот на Владата на Салцбург и главен на Секторот за енергетска економија и совети на енергија. Horia Petran – виш истражувач и координатор на Романскиот центар за градење на знаење во рамките на Националниот институт за истражување и развој во градежништвото “URBAN-INCERC” и Øyvind Skreiberg е главен научник за Стационарна биоенергија во SINTEF.

Тимот на REPLACE би можел да има голем бенефит од советите на членовите на одборот за работата во тек и за клучните теми на состанокот, како што се истражување на рамковните услови за декарбонизиција на сектор за греење и ладење, истражување на погледите, интересите и потребите на целните групи на REPLACE, развојот на инструментите за спроведување на кампањи за замена, како и за матрицата за системи за греење, водич за потрошувачите, посредниците и инвеститорите и собирање на примери за најдобри практики. Клучно беше формирањето на локалните работни групи во секој регион каде тие ќе ја поддржат подготовката и управувањето со регионалните кампањи за замена.

Cookie Consent with Real Cookie Banner