Извештајот D2.1 за рамковните услови претставува преглед на стратегиите, политиките, мерките и инструментите поврзани со опремата за греење и ладење. Истиот ги идентификува главните двигатели и бариери за замена и ги прикажува успешните примери за замена на системи за греење и ладење во секој регион на проектот што потенцијално може да се реплицира. Во извештајот се идентификуваат пет клучни предизвици за спроведување на замената на системи за греење и ладење, како на пример зголемување на свеста на крајните потрошувачи за донесување на правилни одлуки и регулаторни одредби кои даваат можност за чисто планирање и исполнување на целите за целосна замена на фосилните и неефикасните системи за греење.
Земји кои се вклучени во овој извештај се Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Геманија, Северна Македонија, Србија, Словенија и Шпанија.
Извештајот е достапен на англиски јазик.