Во извештајот D2.3 дадени се информации за состојбата на колективните акции, Заедници за обновлива енергија и Граѓански заедници за енергија. Вкупно, прикажани се 19 активности за одговор на побарувачката и 28 примери за колективни акции во целните земјите на проектот REPLACE.
Постојат повеќе акции за одговор на побарувачката во секторот за греење и ладење во целните земји на проектот REPLACE. Од целта да се влијае на однесувањето на потрошувачите при греење преку различни тарифи во Хрватска, преку пик на снабдување со електрична енергија од фотоволтаици со производство на санитарна топла вода во Бугарија, до употреба на паметни броила во централна мрежа во Австрија за оптимизација на потрошувачката на различни стратегии за контрола на оптоварување во станбен комплекс од 133 единици. Други интересни концепти беа пријавени и од другите земји од проектот.
Што се однесува до колективните активности, интересните иницијативи се опфатени на пр. BENÖ (Биоенергија Долна Австрија) во Австрија, зближувајќи различни вештини за успех на земјоделските задруги, колективни активности за изолација во Австрија, Северна Македонија и Србија, различни видови групни набавки, реализација на колективно ОИЕ греење и ОИЕ задруга која инвестира во набавка на хидроцентрала, остварувајќи годишно намалување на 4.000 t CO2-eq.
Земји опфатени во извештајот се Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија, Северна Македонија, Србија, Словенија, Шпанија.
Извештајот е достапен на англиски јазик.