Матриците за греење во Извештајот D4.1 даваат првичен преглед кој систем за греење со обновливи извори на енергија или централно греење е најсоодветен за објектите. Презентираните матрици беа прилагодени на локалните услови во однос на структурните и еколошките услови, градежните стандарди и економската одржливост.
Постојат две верзии на матрицата за греење: едната е за инвидуални семејни куќи, а другата е за поголеми станбени објекти или хотели. Системите за просторно греење кои користат енергија од обновливи извори користат сончева енергија директно преку сончеви колектори за подготовка на топла вода во домаќинствата и за дополнително просторно греење и индиректно како биомаса за котли или амбиентална топлина (вода, земја, воздух) за топлински пумпи.
Матриците се изведени од Австриската иницијатива за заштита на климата “klimaaktiv“.
Извештајот е достапен на англиски јазик.