Инвентар на размислувањата и потребите на сите релевантни чинители во целните региони – Извештај D3.1

Како крајните потрошувачи, посредниците и инвеститорите го доживуваат обновливото греење и ладење? Кои извори на информации ги користат? И, какви бариери, предизвици и потреби гледаат во однос на замена на неефикасните системи со одржливи? За одговор на овие прашања беа спроведени бројни интервјуа во сите партнерски региони. Овој извештај обезбедува преглед во различните размислувања и потреби на чинителите и претставува основа за кампањите за замена.

Клучните резултати покажуваат дека сè уште има замена на системи на нафта и природен гас затоа што потрошувачите се навикнати на овие системи. Моменталната пандемија од Ковид-19 доведува до ситуација на пазарот со ниски цени на мазут и природен гас, што е пречка за подобри климатски прифатливи системи за греење во секторот за домување. Интервјуата покажаа и дека постои голема желба од сите чинители во подобрувањето на замената на старите системи за греење со нови, кои се еколошки и имаат помала потрошувачка на енергија. Кај чинтелите постои голема свест за импликациите и влијанијата на старите и новите системи за греење, а истата се зголемува со поинтензивно вклучување на помладите генерации.

Резултатите од интервјуата и главните заклучоци се прикажани за целните региони во Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија, Северна Македонија, Србија, Словенија и Шпанија.

Извештајот е достапен на англиски јазик.