Вториот состанок на работната група за КАГоП регионот во рамките на проектот REPLACE беше организиран на 20ти ноември од страна на SDEWES-Скопје. Состанокот се одржа преку ZOOM платформата со цел презентација на минатите и идните активностите на проектот, како и да се одреди кои кампањи за замена ќе се спроведуваат во нашиот целен регион.
На овој состанок присуствуваа членови на локалната работна групи од општините Карпош, Аеродом, Ѓорче Петров, како и претставници од организациите ЦеПроСАРД и ХАБИТАТ-Македонија. Вкупно 8 чинители го дадоа својот придонес на овој состанок, каде се дискутираа актуелни теми во рамките на проектот REPLACE. Локалната работна група има клучна улога во имплентацијата на сите активности на терен и во промоција на тековни и идни настани, затоа е важно да се организира дополнителен состанок во втората половина на декември за дефирање на следни чекори.