Извештајот D2.4 покажува детален преглед на работата што е веќе направена на национално и локално ниво со цел да се заменат неефикасните системи за греење и ладење. Вклучува 22 кампањи за промоција на опрема за греење и ладење што ќе се одвива во регионите на проектот REPLACE, со дополнителни пет кампањи кои се реализирани надвор од целните региони.
Кампањите за замена во целните региони на проектот REPLACE покажуваат најразлични насочени пристапи кои се стремат кон иста цел. Од директно насочување за замена на неефикасна опрема или индиректно со основно промовирање на енергетска ефикасност преку настани на отворен ден или општи финансиски стимулации на национално или локално ниво. Основните пристапи за кампањата се прикажани во извештајот. Кампањите за замена ќе се засноваат на веќе спроведени кампањи во и надвор од целните региони на проектот.
Земји опфатени во извештајот се Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија, Северна Македонија, Србија, Словенија, Шпанија, како и Чешка, Данска и Велика Британија.
Извештајот е достапен на англиски јазик