Матрицата за греење покажува кои системи за греење се најпогодни за одреден тип на објекти. Калкулаторот за греење ги одредува годишните трошоци и помага да се најде најдоброто решение за одреден објект.
Цените на енергенсите во последните две години пораснаа исто толку колку што пораснаа за време на нафтената криза во 1973 година. Ова им создава проблеми на многу домаќинства, бидејќи греењето на нафта, природен гас или особено јаглен стана скапо, посочува SDEWES-Скопје го координира европскиот проект REPLACE во Северна Македонија. За да се избегне „замката на трошоците за греење“, потребно е да се заменат старите, неефикасни и климатски неприфатливи системи за греење. Оние кои се греат на нафта, природен гас или јаглен не само што плаќаат многу пари, туку овие застарени системи за греење се исто така меѓу најштетните од сите достапни технологии за греење на просторот. За полесно да се префрлите на нов, климатски прифатлив систем за греење, достапни се две независни, бесплатни онлајн алатки на македонски јазик како дел од европскиот проект REPLACE.
Матрица на системи за греење
Матрица на системи за греење покажува кои системи за греење се најпогодни за кои објекти
Калкулатор за греење
Калкулаторот за греење ги одредува годишните трошоци и помага да се најде најдоброто решение за одреден објект.
Термичко реновирање и заштеда на енергија
Пред да се замени системот за греење, првиот чекор треба да биде термичко реновирање на објектот. Ова може да заштеди околу половина од енергијата, а со тоа и да се намалат трошоците. Но, помалите и поевтини мерки исто така даваат резултат: ако, на пример, таванот на горниот кат е изолиран, може да се заштеди околу 15 до 20 проценти од енергијата потребна за греење. Оваа мерка често може дури и да ја спроведе и самиот сопственик и да се исплати за кратко време.
Дополнително, на веб-страната на REPLACE достапни се различни најдобри практики, како и совети и трикови: на пример, ако собната температура се намали за само 1 степен, ова заштедува 6 % од потребната енергија. Ако го поставите термостатот на 21 степени наместо на 24 степени во текот на целиот период на загревање во зима, ќе има заштеда од 18 проценти енергија.
За проектот REPLACE
Главната цел на REPLACE е да ги информира и мотивира луѓето во Европа да ги заменат своите стари и неефикасни системи за греење со еколошки алтернативи. Ова е неопходно за да се постигнат климатските цели и да се направи Европа независна од нафта, јаглен и природен гас. Проектот, финансиран од ЕУ во рамките на програмата Хоризонт 2020, го спроведува Австриската агенција за енергетика со 11 партнери во десет европски региони со 8 милиони жители до април 2023 година. Главна карактеристика на проектот е пристапот на вклучување на сите клучни чинители на едно место, како што се политичари, професионални здруженија, добавувачи на енергија, крајни потрошувачи и многу повеќе, и развивање соодветни мерки.
Контакт:
Емилија Михајлоска
emilija.mihajlosks@sdewes.org
SDEWES-Скопје