Трет вебинар: REPLACE калкулатор, интерактивна матрица и локално адаптирана алатка за техно-економска пресметка на технологии за греење

Последниот од серијата вебинари кои беа дел од кампањите на REPLACE беше организиран на 4 април 2022 година преку платформата ZOOM. На настанот присуствуваа 24 клучни чинители, кои го претставуваат регионот КАГоП, како и некои други општини. Воедно, имаше и претставници од Агенцијата за енергетика, Електрани на Македонија, како и невладини организации и компании од областа на обновливо греење и ладење.

Темите кои беа опфатени во првиот дел од вебинарот беа „REPLACE калкулаторот за замена на системи за греење“, интерактивна матрица за преглед за достапни технологии за греење согласно типо на објектот и локално адаптирана алатка за техно-економска пресметка на системи за греење. Вториот дел од вебинарот беше посветен на дискусија преку алатката Padlet, која е веб-апликација која им овозможува на корисниците да објавуваат белешки на т.н дигитален ѕид. Главните прашања што беа покренати беа во однос на применливост на овие алатки и што може да се направи за да се подобрат алатките и како истите да се промовираат. 

„REPLACE калкулаторот за замена на системи за греење“
интерактивна матрица за преглед
локално адаптирана алатка за техно-економска пресметка на системи за греење
дискусија преку алатката Padlet
Cookie Consent with Real Cookie Banner