Проектот REPLACE произведе бројни материјали и акции кои ги поддржуваат домаќинствата, но и професионалците и носителите на политички одлуки во транзицијата за климатско прифатливо греење. Резултатите, но и нивната промоција и придобивки од истите во иднина беше тема на последниот проектен состанок на 22 март 2023 година во Брисел.
Проектните партнери ќе подготват извештај во кој ќе ги презентираат различните политики, мерки и препораки што ги имаат развиено и имплементирано во проектот. Друг извештај ќе опфати аспекти како што се родова еднаквост, енергетската сиромаштија, повратните и lock-in ефекти, кои треба да се земат предвид при дизајнирање на климатски решенија за греење кои треба да се заменат. Исто така, ќе бидат сумирани и колективните акции кои вклучуваат, на пример, заедничко, а со тоа и поевтино купување на системи за греење или воспоставување на логистички центар, соодветно за различни асортимани на цврста биомаса, со што се обезбедува поеднаков квалитет на горивото и поволни цени за крајните потрошувачи. Јавно достапните резултати, исто така, ќе вклучуваат заклучоци од REPLACE за креаторите на политики и конечен извештај за резултатите од проектот, чиј дизајн беше дискутиран на состанокот.
Во дискусија со проектниот офицер на REPLACE, Ана Син Багес, се разговараше и за темата топлински пумпи воздух-воздух и нивната соодветност за проектните региони. Оваа технологијата е дел од REPLACE матриците во Бугарија. Воедно, тоа е дел од алатката за физибилити студија специјално развиена за замена на системите за директно греење со електрична енергија со комбинирање на PV постројки на покривот со инвертер во постоечки згради развиен од SDEWES-Скопје за пилот-регионот Северна Македонија. Во регионите со постудена клима како Австрија, од друга страна, во некои провинции топлинските пумпи воздух-вода кои се дури и поефикасни од топлинските пумпи воздух-воздух не се подобни за еднократни субвенции за постоечки згради кои сакаат да се префрлат од нафта или гас. Во Хрватска и Словенија, топлинските пумпи воздух-воздух повремено се користат за ладење на помали простории, особено кога се комбинираат со PV постројки за да се намалат трошоците за набавка на електрична енергија. За греење во повисоките и постудените региони, сепак, според партнерите во проектот, пелетите се покажаа како посоодветни.
Проектот REPLACE завршува во април 2023 година. Извештаите на тема замена на системи за греење кои се климатски прифатливи ќе бидат објавени на веб-страницата, преку социјалните медиуми и други канали.