Планирате да поставите нов систем на обновливи извори на енергија или обнова на куќа или зграда? Примерите за најдобри практики на REPLACE ќе ви помогнат во замената на системот – Извештај D4.4

Кога планирате замена на стар систем за греење или ладење обнова на куќа или зграда, може да се појават многу прашања. REPLACE нуди помош: со своите 38 примери за најдобри практики, документот презентира проекти кои се успешно реализирани и кои сега помагаат да се заштеди енергија, пари и да се зачува климата.

Проектите што ги имаат спроведено индивидуални домаќинства вклучуваат проекти за топлинска изолација, како и широк спектар на замени на системи за греење со нафта, јаглен или гас до греење со еколошки топлински пумпи, пелети или сончеви панели. Примерите за најдобра практика на REPLACE даваат инспирација и одговори и за замени на пошироко ниво. Вклучени се на пр. обновување на градскиот кварт, употреба на мобилен уред за греење за управување со промената на обновливите извори на енергија или инсталирање на мрежата за биомаса во рурална населба.

Примерите се концизни на пр. каква нова технологија избрале луѓето, дали имало некои потешкотии за време на процесот на инсталација или што се одвивало особено добро, и како тие профитираат од новиот систем. На крајот од секој пример има табела која ги содржи најважните податоци како инсталираниот капацитет, почетната инвестиција, достапните шеми за стимулација итн.

Сите 38 примери за најдобри практики се содржани во англиската верзија на Извештајот D4.4.

За секој од десетте целни региони на REPLACE, достапен е избор на преведени примери за најдобра практика.

Cookie Consent with Real Cookie Banner