Како дел од кампањите на проектот REPLACE, во мај 2021 година, Инфо центарот во општина Ѓорче Петров беше официјално претставен пред граѓаните. SDEWES-Скопје во соработка со претставници на Секторот за енергетска ефикасност во општината го направија ова катче достапно за сите заинтересирани страни и ќе помогнат со иницијативите за замена на неефикасните системи за греење и ладење со еколошки решенија.
Според протоколите за КОВИД-19 за организација на настани, на него присуствуваа ограничен број присутни, поточно 12 учесници. Тимот на SDEWES-Скопје го претстави проектот REPLACE, целите и кампањите планирани во КАГоП регион. Претставниците на општината логистички го поддржаа настанот и ќе играат голема улога во претстојната локална имплементација на сите активности.
Заинтересираните граѓани дадоа позитивни коментари за концептот и кампањите, вклучително и отворањето на вакви инфо центри каде што граѓаните ќе добијат практични информации за тековните активности и насоки за тоа како да го заменат својот стар систем за греење на најлесен начин. Крајните корисници споделија примери на куќи и згради каде што ваквите кампањи за замена би биле корисни, по што ја нагласија потребата од идна заедничка соработка за да придонесе за рационализирана зелена транзиција. Покрај официјалното отворање во општина Ѓорче Петров, во април беше формиран инфо центар во општина Аеродром. Исто така, во употреба е и виртуелен инфо центар, како и посебен дел од веб-страните на општините кој ги пренасочува корисниците до веб-страната на REPLACE и виртуелниот инфо центар се достапни од февруари 2021 година.
Во јуни 2021 година, беше организиран првиот од трите вебинари на тема: Преглед на одржливи технологии и примери на добри практики за замена на системите за греење и ладење. Вебинарот беше реализиран преку платформата ЗООМ и присуствуваа околу 20 учесници, вклучително и претставници од општините, локалната работна група, невладини организации, агенцијата за енергетика, приватни компании од областа на инженерството, планирањето и животната средина. Учесниците дадоа позитивни коментари и ја поддржаа идејата на REPLACE и идните активности што понатаму ќе се имплементираат на регионално ниво. Постои поголема потреба од заемно ангажирање на сите институции за заедничка работа и подобра промоција на таквите активности со цел да се нагласи важноста од замена на неефикасните системи за греење кај крајните корисници и креаторите на политики за поголема поддршка.
Изминатата година беше полна со предизвици и влијаеше врз начинот на работа, со што се ограничи можноста за вмрежување на клучните засегнати страни. Со цел соработниците, партнерите и истакнатите претставници од различни енергетски сектори да се запознаат едни со други и со проектот REPLACE, но исто така и заради олеснетите мерки за КОВИД-19, не ја исклучивме можноста да организираме настан каде учесниците ќе можат да разменат искуства лице в лице и да бидат во тек со најсовремените одржливи системи за греење и ладење. На 25 јуни 2021 година, SDEWES-Скопје го организираше вториот вебинар од кампањите на REPLACE со што го покани истакнатиот експерт и професор на Машинскиот факултет во Загреб, Хрватска, проф. Д -р Невен Дуиќ да ја нагласи потребата од декарбонизација на секторот за греење на национално ниво, фокусирајќи се на регионот што е дел од проектот REPLACE. На овој настан присуствуваа повеќе од 30 клучни засегнати страни, кои го претставуваат регионот КАГоП, Министерство за економија, Министерство за животна средина, Град Скопје, Агенција за енергетика, УНДП, МАНУ, ФЕИТ, БЕГ МЕПСО, ЕБОР, како и невладини организации и компании од областа на обновливо греење и ладење. Овој настан ќе продолжи како втор дел спроведен онлајн, со што ќе се комплетира како хибриден настан со цел да се промовира проектот REPLACE и неговите ефективни кампањи и алатки за поширока публика.
Неколку активности се во подоцнежна фаза на планирање и најверојатно ќе бидат организирани до крајот на годината. До крајот на ноември, третиот вебинар треба да заврши. Целта на последниот вебинар ќе биде да го претстави REPLACE калкулаторот на системи за греење пред широка публика, со акцент на потрошувачите, но и на посредниците. Исто така, матриците за греење ќе бидат претставени, како дополнителна онлајн алатка и додаток на REPLACE калкулаторот за брза и лесна проверка за соодветна технологија и тип на зграда. Покрај тоа, започна кампањата за обележување на 100% обновливо греење или ладење. Во тек е подготовка на налепници за етикетирање и список на домови кои имаат инсталирано обновлив систем за греење и ладење. Паралелно со оваа кампања, SDEWES-Скопје со Локалната работна група ќе организира Отворен ден каде ќе се прижат добра практики, односно објекти кои имаат инсталирано обновлив систем за греење и ладење. Засега се идентификувани најдобро практики, а понатаму ќе бидат промовирани на социјалните медиуми за да се зголеми учеството на потрошувачите со цел да се поттикнат повеќе замени на регионално ниво.
Подготвителната работа за преостанатите кампањи ќе започне до крајот на 2021 година. Сепак, нивната реализација ќе биде во 2022 година. Кампањите како што се годишно обележување на котлите, шест техно-економски физибилити студии, реализација на колективни акции и реализација на иновативни модели на соработка помеѓу инвеститори и изведувачи се активности што ќе се случат до летото 2022 година.