Проектот REPLACE се движи напред според планираното. И како што покажа проектниот состанок на 30 јуни 2022 година, голем број од планираните алатки и активности веќе се имплементирани за да се мотивираат луѓето во проектните региони да се префрлат на обновливите извори на системи за греење и ладење и да заштедат енергија.
Меѓу другото, сите семинари за обука на REPLACE, вклучително и некои последователни обуки, веќе се имплементирани. Професионалци во Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Словенија добија информации за тоа како да ги заменат системите за греење со климатски прифатливи опции и како да ги поддржат клиентите во заштеда на енергија. Во Словенија е планирана уште една обука за септември 2022 година.
Друга тема која беше во фокус на прокетниот состанок е имплементацијата на колективни акции кои истовремено таргетираат голем број клиенти. Покрај локалните мрежи за греење во Германија или логистички центар за биомаса во Шпанија, партнерот во Северна Македонија планира да започне заедничко купување на топлински пумпи со инвертер и PV за колективни станови со помош на предфизибилити студија. Во Австрија, за прв пат беше развиен едношалтерски систем преку веб-страна и од средината на јули го олеснува едноставното префрлување од системи со фосилни горива на системи за обновливи извори и централно греење.
Конечно, тема на средбата беа и актуелните високи цени на енергенсите. Од една страна, тие ја зголемуваат желбата за енергетска независност, на пример преку топлински пумпи и сончева топлинска енергија. Во исто време, порастот на цените може да ја отежне и промената, како што е пример во Босна и Бугарија, каде што порастот на цената на пелетите ја забавува климатската замена на системите за греење. Покрај нив и други земји се соочуваат со слични предизвици. Во двата случаи, REPLACE алатките и активностите помагаат да се насочат напорите за замена на системите за греење во поодржлива насока.