Започнаа кампањите за замена – состанок на конзорциумот во април 2021 година

Состанокот на конзорциумот на REPLACE во април покажа дека по интензивна и подготвителна работа, кампањите за одржливо греење и ладење се подготвени да започнат во 10 европски региони!

Примерите за најдобри практики се подготвени за употреба, каде што сите заинтересирани можат да погледнат што другите веќе имаат имплементирано во однос на обновливите системи за греење и ладење. Покрај прирачниците за посредници и инвеститори и техничкиот прирачник за крајни корисници е исто така достапен. Прирачникот за крајни корисници прикажува голем број на одржливи системи и бројни придобивки од истите, но дава и одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со замена на системи на греење и ладење. Исто така и матриците на REPLACE и  REPLACE калулаторот за замена на системи за греење се во завршна фаза. Од јули 2021 година online алатките ќе им овозможат на луѓето да видат на прв поглед кој одржлив систем е најсоодветен за нивната зграда и да пресметуваат соодветни системи за замена во однос на заштедите на СОи трошоците.

Continue reading “Започнаа кампањите за замена – состанок на конзорциумот во април 2021 година”

Планирате да поставите нов систем на обновливи извори на енергија или обнова на куќа или зграда? Примерите за најдобри практики на REPLACE ќе ви помогнат во замената на системот – Извештај D4.4

Кога планирате замена на стар систем за греење или ладење обнова на куќа или зграда, може да се појават многу прашања. REPLACE нуди помош: со своите 38 примери за најдобри практики, документот презентира проекти кои се успешно реализирани и кои сега помагаат да се заштеди енергија, пари и да се зачува климата.

Continue reading “Планирате да поставите нов систем на обновливи извори на енергија или обнова на куќа или зграда? Примерите за најдобри практики на REPLACE ќе ви помогнат во замената на системот – Извештај D4.4”

Потенцијал за замена во регионите на проектот REPLACE – статистички инвентар и 3 сценарија – Извештај D3.2

Како луѓето во регионите на проектот REPLACE ги загреваат и ладат своите домови денес? И, каков потенцијал за климатски прифатливи замени на системи за греење постои во иднина? Врз основа на достапните податоци за основната година, тимот на REPLACE разви три сценарија што го опишуваат влијанието на проектот REPLACE со вклучено намалување на емисии и ниво на инвестиции во бројот на котли и домови кои ги заменуваат старите неефикасни системи со нови одржливи, како и заштеда на енергија и јаглерод диоксид.  

Трите сценарија опфаќаат ‘business as usual’, оптимистичко и песимистичко REPLACE сценарио. Сценаријата во извештајот D3.2 се однесуваат на целокупниот проект, како и на десетте целни региони од Западна, Централна и Југоисточна Европа.

Прирачник за крајни потрошувачи

Дали сте подготвени да го замените вашиот систем за греење или ладење со ефикасен и климатски прифатлив систем? Дали барате едноставни мерки за реновирање кои би ви овозможиле енергетска и финансиска заштеда ?

Овој REPLACE прирачник е ориентиран кон домаќинствата и сопствениците на куќи и ги поддржува корисниците во донесување на времени и информирани одлуки. Прирачникот е достапен на јазиците за секоја од земјите кои се партнери на проектот, како и на англиски јазик со корисни информации ориентирани кон крајните корисници, вклучувајќи ги придобивките од замена на старите неефикасни системи за греење, техно-економски упатства за замена на системи, чекори што треба да се преземат, ЧПП, технолошки факти (вклучувајќи пасивни мерки) и контакти за дополнителни информации (на пр. достапност на субвенции и енергетски совети итн.) на регионално ниво.

REPLACE Билтен

Ни претставува задоволство да Ве информираме за REPLACE – проект кој е целосно посветен на ефикасно греење и ладење. Во весникот може да дознаете зошто е клучно да се заменат неефикасните системи со одржливи алтернативи и како нашиот проект финансиран од ЕУ ги поддржува крајните потрошувачи, посредниците и инвеститорите да го сторат тоа.

REPLACE на прв поглед – видеото е веќе достапно

Климатските промени се еден од најважните предизвици со кои се соочуваме денес. Истовремено постои огромна побарувачка на енергија во Европа – имено 50% произлегува од потребите за греење и ладење.

Од видеото може да научите:

  • кои се предизвиците при замена на системите за греење и ладење,
  • каква е мисијата на REPLACE и во кои целни региони проектот е активен,
  • како проектот Ви помага одржливо да се загревате и ладите,
  • и како Вие, Вашиот регион и климата може да имаат корист од REPLACE.

Преводот може да се избере преку „Settings“.

Continue reading “REPLACE на прв поглед – видеото е веќе достапно”

Трет состанок на конзорциумот на REPLACE – благодарност до Советодавниот одбор

Третиот состанок на конзорциумот на REPLACE се одржа на 9-ти и 10-ти декември 2020 година. Иако планиран да се одржи во Загреб, конзорциумот повторно се состана виртуелно, презентирајќи ги и дискутирајќи за активностите во 2021 година, како што е Калкулаторот на системи за греење, прирачници ориентирани кон практиките за потрошувачи, посредници и инвеститори, како и примери за најдобри практики од 9 земји.

Continue reading “Трет состанок на конзорциумот на REPLACE – благодарност до Советодавниот одбор”

Објавен е извештајот D4.1: Матриците за греење ги прикажуваат препорачаните технологии за греење на ОИЕ во различни типови на објекти

Матриците за греење во Извештајот D4.1 даваат првичен преглед кој систем за греење со обновливи извори на енергија или централно греење е најсоодветен за објектите. Презентираните матрици беа прилагодени на локалните услови во однос на структурните и еколошките услови, градежните стандарди и економската одржливост.

Continue reading “Објавен е извештајот D4.1: Матриците за греење ги прикажуваат препорачаните технологии за греење на ОИЕ во различни типови на објекти”

Инвентар на размислувањата и потребите на сите релевантни чинители во целните региони – Извештај D3.1

Како крајните потрошувачи, посредниците и инвеститорите го доживуваат обновливото греење и ладење? Кои извори на информации ги користат? И, какви бариери, предизвици и потреби гледаат во однос на замена на неефикасните системи со одржливи? За одговор на овие прашања беа спроведени бројни интервјуа во сите партнерски региони. Овој извештај обезбедува преглед во различните размислувања и потреби на чинителите и претставува основа за кампањите за замена.

Continue reading “Инвентар на размислувањата и потребите на сите релевантни чинители во целните региони – Извештај D3.1”

Трет состанок на работната група

Третиот состанок на локалната работна група на КАГоП регион беше организиран на 22 декември од страна на SDEWES-Скопје преку платформата ЗООМ. Состанокот се одржа со цел да се валидира нацрт- Акциониот план за кампањите за замена што треба да се спроведат во нашиот целен регион. Вкупно 10 учесници од општините Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, како и претставници од организациите ЦеПроСАРД, Хабитат и ЗЛЕК учествуваа на овој трет состанок.

Continue reading “Трет состанок на работната група”
Cookie Consent with Real Cookie Banner