REPLACE моменти во Босна и Херцеговина: Иновации во време на глобална енергетска криза – предфизибилити студиите на REPLACE помагаат да се надминат пречките за климатски прифатливо греење

Замената на системот за греење е сложен процес. Потребно е да се земат во предвид многу фактори за замената да резултира со најдобро и најефикасно решение. Активностите и алатките на REPLACE нудат иновативен пристап кон процесот на замена што е лесно разбирлив и достапен не само за професионалците, туку и за крајните корисници.

Изработката на предфизибилити студии за замена на системот за греење е една од иновативните активности што за прв пат беше претставена и достапна на крајните корисници во кантонот Сараево (целниот регион во БиХ) – потполно бесплатно. Студиите покажуваат системи за греење препорачани за одредено домаќинство, како и придобивките од замената.

Оваа активност претставува многу важен чекор во промоцијата на поодржливи решенија за системите за греење, особено во период кога граѓаните на кантонот Сараево се соочуваат со светска енергетска криза, многу високи цени на пелети и сиромаштија. Во однос на цените на пелетите, нивното зголемување за речиси 150% во септември 2022 година во однос на претходната година претставува огромна пречка за крајните корисници да се префрлат на системи за греење кои користат ваков вид на енергија. Затоа, многу е важно на крајните корисници да им се понувдат сите достапни алатки и информации кои можат да им помогнат да ги заменат своите системи за греење на најефикасен и најисплатлив начин.

Граѓаните изразија посебен интерес за предфизибилити студии за време на промоцијата на REPLACE кампањата во инфо центрите во општините од целниот регион. По тој повод беа собрани податоци од крајните корисници, по што членовите на тимот од Enova почнаа да ги подготвуваат студиите со дополнителни консултации со крајните корисници. Досега се изработени вкупно 6 предфизибилити студии за замена на системи за греење во станбени згради на подрачјето на општините Илијаш и Нови Град Сараево, а планирано е да се завршат уште најмалку 4 студии до крајот на проектот. Планирано е оваа активност да продолжи и по проектот и да стане стандард при замена на системот за греење во домаќинствата во кантонот Сараево, но и на целата територија на Босна и Херцеговина.

Собирање податоци за изработка на предфизибилити студија во информативниот центар