REPLACE моменти во Северна Македонија: Се прашувате која опција за греење е исплатлива за станбена зграда? SDEWES-Скопје изработи техно-економска студија за Северна Македонија за избор на систем за греење како колективна акција:

Ако размислувате да поставите обновлив систем за греење не само за вашата куќа, туку и за повеќестанбена зграда, процесот е полесен ако однапред можете да процените дали инвестицијата би се вратила во краток период. SDEWES-Скопје, партнерот од REPLACE разви техно-економска студија за репрезентативна зграда во КАГоП регионот која покажа ветувачки резултати.

Студијата ја проценува економската изводливост на колективно купување на инвертер топлински пумпи (топлински пумпи воздух-воздух) и PV системи и споделување на енергија во станбената зграда. Анализата дава аналитичка, техно-економска проценка поврзана со декарбонизацијата на греењето на становите со користење на заедничка, колективно генерирана чиста електрична енергија од PV системи. Ова е добра можност за спојување на енергетскиот сектор во локален контекст. Студијата покажува дека седумте домаќинства во анализираниот објекти ќе ги намалат сметките за струја преку помала побарувачка на енергија и ќе ја вратат инвестицијата за релативно кратко време.

Врз основа на реален 3D симулациски модел на зградата, користејќи го софтверот PVSol и REPLACE калкулаторот за греење, резултатите покажаа дека кога се користат топлински пумпи, примарната побарувачка на електрична енергија за греење на зградите е намалена за околу 3 пати, додека вкупната побарувачка на електрична енергија, земајќи ја предвид другата употреба на енергија како што се осветлување, готвење, загревање на вода и сл., е намалена за околу 34%. Дополнително, електричната енергија што се увезува од мрежата дополнително би се намалила за 16-26 % доколку се додадат фотоволтации на покривот на зградата, во зависност од големината на PV генераторот.