Со цел да се поддржат потрошувачите да го направат вистинскиот избор за замена со нов и климатски прифатлив систем за греење, во КАГоП регионот беше спроведена кампања за изработка на техно-економски студии. Физибилити студиите беа бесплатни за сопствениците кои се заинтересирани да го заменат стариот систем за греење. Оваа кампања ја изведе SDEWES-Скопје врз основа на онлајн интервју со сопствениците со користење на REPLACE калкулаторот.
Деталите за вметнати параметри и пресметаните резултати за различните решенија за греење се достапни на македонски и англиски. Активноста започна во февруари, 2022 година, а досега се завршени седум техно-економски студии. Повеќето од сегашните системи што се инсталирани се печки на дрва или директно електрично греење, а предложените нови системи се или топлински пумпи (воздух-вода, вода-вода) или котли на пелети, кои се соодветни алтернативи во однос на регионот.