Калкулаторот на REPLACE за замена на системи за греење ќе биде достапен на 9 јазици, вклучително и на македонски јазик. Крајните потрошувачи, посредниците и инвеститорите можат претходно да ги пресметаат своите проекти за замена во однос на системите за обновлива енергија или системите за централно греење за постојните куќи. Калкулаторот се планира и како “white-label” алатка, односно посредниците, добавувачите и други заинтересирани можат да го стават калкулаторот на сопствените веб-страници и да ја користат алатката профитабилно за нивните деловни активности.
Со цел да се направат завршните промени и подобрувања, меѓународниот проектен тим на REPLACE одржа вебинар на 15-ти јуни. Карактеристиките и функциите на калкулаторот беа презентирани од страна на тимот на Австриската агенција за енергетика, пришто се опфатени не само индивидуалните куќи, туку и зградите до 1.500m². Калкулаторот нуди две нивоа на пресметка, режим на краен корисник, лесен за употреба, кој може да премине во експертски режим со детални анализи и резултати што се прикажани графички на четири различни начини.
За да се осигура дека корисниците на алатката добиваат резултати прилагодени на нивните регионални околности, тимот за REPLACE научи како да ги провери и адаптира сите информации потребни за работа на калкулаторот. На тој начин, партнерите на проектот REPLACE не само што ги администрираат текстовите на калкулаторот на 9 јазици, туку исто така ги ажурираат податоците на алатката, како инвестиции, достапни субвенции и годишни трошоци за различните опции за греење.
REPLACE калкулаторот се заснова на испробаната алатка Hexit на Австрискиот енергетски институт „Ворарлберг“ и истиот ќе биде достапен од јули и може да им помага на корисниците при замена на греењето до крајот на 2025 година, каде содржината ќе биде соодветно ажурирана од страна на партнерите на REPLACE.