Оваа кампања опфати два најдобри практики на обновливи системи инсталирани во КАГоП регионот. Последните месеци од 2022 година, сопствениците на системите го поканија тимот на SDEWES-Скопје и енергетскиот консултант да ги покажат и објаснија нивните еколошки системи и придобивките што ги искусуваат.
Првиот пример е топлинска пумпа воздух-вода од 4 kW и дистрибутивен систем со високи температурни радијатори во стан од 90м2 во новоизградена зграда. Вториот пример е куќа од 100 м2 со дистрибутивен систем кој се загрева со котел на пелети од 16 kW, со дополнителен вграден сончев колектор за санитарни потреби. И двата објекта имаат автоматизирани системи за регулирање, со кои лесно може да се ракува од далечина. Резултатите беа дополнително дистрибуирани на настанот REPLACE организиран на почетокот на 2023 година со цел да се споделат добри практики меѓу поголема публика и да се поттикнат пошироки активности за замена на системи за греење во регионот.