Третиот состанок на локалната работна група на КАГоП регион беше организиран на 22 декември од страна на SDEWES-Скопје преку платформата ЗООМ. Состанокот се одржа со цел да се валидира нацрт- Акциониот план за кампањите за замена што треба да се спроведат во нашиот целен регион. Вкупно 10 учесници од општините Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, како и претставници од организациите ЦеПроСАРД, Хабитат и ЗЛЕК учествуваа на овој трет состанок.
Работната група дискутираше за предвидените активности и временската рамка за секоја од акциите. Понатаму, беше разгледана Стратегијата за медиумска покриеност за која членовите на локалната работна група придонесоа со различни идеи како да се промовираат предвидените кампањи и како да вклучат различни чинители. Иако следниот состанок на локалната работна група е планиран во мај, во следните месеци неизбежна е тесна соработка со членовите како би се извршиле планираните активности.