Заедно до поголем успех – колективни акции во проектот REPLACE

Колективните активности можат да ја направат енергетската подостапна, да постигнат технички поефикасни резултати и да промовираат греење и ладење кое е клиамтски прифатливо. На проектниот состанок што се одржа на 6 април 2022 година, партнерите на REPLACE ги презентираа можностите што ги спроведуваат во нивните региони.

Во Австрија, Австриската агенција за енергетика иницираше едношалтерски систем што ќе биде достапен во мај, нудејќи замена на системот за греење во сеопфатен пакет, од избор на производ, бесплатен совет, преку отстранување на стариот систем за греење до инсталација и поставување на новиот. Воедно вклучени се и кампањата за постепено отстранување на системи кои користат нафта и гас, како и информативни центри за крајните потрошувачи и поддршка со финансирање.

Во Босна и Херцеговина, ENOVA организира заедничка набавка на пелети во општината Илијаш. Во рамки на акцијата се одржа и средба на претставници на месните заедници, локални продавачи на пелети и проектниот тим со цел да се договорат најдобрите услови за спроведување на оваа акција.

Заедничко купување на материјали е планирано и во Бугарија и во Шпанија. Во Бугарија, BSERC организира заедничко купување на пелети, со што ќе се постигнат подобри цени за крајните потрошувачи. Во Шпанија, целта на EREN и ESCAN е да ги здружат заинтересираните страни користејќи центри за производство, а со тоа да постигнат поповолни цени за заедничките мали компании кои се добавувачи. Со тоа, клиентите и добавувачите ќе имаат корист од соработката.

Во Приморско-горанската жупанија во Хрватска, EIHP планира да контактира со потрошувачите за да ги поттикне да учествуваат на тендерот за енергетска доградба на зградите што наскоро треба да биде објавен за овој регион. Доколку е заинтересирана поголема група на потрошувачи, EIHP би ги контактирала и производителите на пелети  за попуст на поголема сума на пелети.

Во Германија, фокусот е на топлинските мрежи. Во руралниот регион на Горна Баварија, заинтересираните страни кои сакаат да управуваат со систем за централно греење за неколку згради, кој е климатски прифатлив, добија совети на информативен настан. Во текот на имплементацијата, заинтересираните страни можат да добијат и поддршка, на пример во одредувањето на цената на топлинската енергија, изборот на формата на компанијата или консултации за финансирање.

Во Северна Македонија, SDEWES-Скопје спроведува физибилити студија на постоечка зграда. Студијата ќе ја процени економската изводливост на група станови кои колективно би купувале инвертер клими и фотоволтаици. Во исто време, групата би дејствувала како енергетска заедница која внатрешно ја споделува електричната енергија.

Во Словенија, проектниот партнер Институтот Јожеф Стефан организира заедничко купување на обновлива опрема за греење и ладење. Заедничкото купување е дел од кампањата за постепено укинување на мазутот каде крајните потрошувачи дознаваат повеќе за обновливите извори на греење и ладење. Со успешно одговарање на прашалникот, тие можат да добијат ваучер за замена на котелот со масло со топлинска пумпа. Дополнително, резултатите од REPLACE ќе бидат воспоставени на националниот портал за „енергетска ефикасност во домаќинствата“. Главните алатки на проектот како REPLACE калкулаторот ќе бидат интегрирани во националниот повик за субвенции.

Со цел да се унапреди топлинската транзиција, се подржуваат вакви иницијативи и се охрабруваат сите заинтеирани да преземат различни колективни акции.  

Cookie Consent with Real Cookie Banner