Семинар за обука на инвеститори, проектанти, изведувачи и презентација на REPLACE алатки

Со намалување на мерките за КОВИД-19 пандемијата, во април 2022 година беше организиран трет семинар за обука на инвеститори, проектанти и изведувачи со физичко присуство. Претходно беа одржани два онлајн семинари за обука во септември и декември 2021 година. Потребата за ваква активност беше повеќе од очигледна, бидејќи учесниците беа желни да слушнат повеќе за материјалите и алатките, но и да разменат знаења и искуства.

На 18.04.2022 година во Скопје беше организиран тренинг семинар за посредници и инвеститори како целодневен настан, проследен од околу 25 учесници. Обуката беше поделена во три дела, 2 сесии и панел дискусија со практична работилница, проследена со заклучоци и препораки за понатамошна работа.

Во сесија 1, покрај воведот во проектот REPLACE, беа презентирани придобивките од RH&C за посредниците и инвеститорите, а исто така и како да се промовира и да се прикажат бенефитите од ОИЕ. Во сесија 2, беа елаборирани опциите за замена кои се достапни на пазарот, заедно со другите опции за греење. Беше даден и краток преглед на состојбата со секторот греење и ладење во ЕУ.

Семинарот за обука заврши со панел-дискусија и практична работилница со REPLACE калкулатор, матрица и калкулаторот за инвертери. Учесниците беа задоволни со презентираните материјали и REPLACE алатки, изразувајќи го својот интерес за понатамошно вклучување во проектните активности. Тие секако ја поддржуваат идејата на REPLACE и кампањите што се спроведуваат во наредниот период.

Cookie Consent with Real Cookie Banner