На 18-ти мај 2021 како дел од кампањите на проектот REPLACE во функција ставен e информативниот центар во општината Ѓорче Петров, дел од КАГоП регион. SDEWES-Скопје во соработка со претставници од секторот за енергетска ефикасност во општината го ставија на располагање ова информативно катче за сите заинтересирани граѓани за замена на постојниот систем за греење и ладење со нови еколошки алтернативи.
Согласно КОВИД протоколите за организирање на настани од овој тип, истиот беше проследен од помал број на учесници, односно 12 присутни. Тимот на SDEWES-Скопје го претстави проектот REPLACE, целите и кампањите кои се планираат во КАГоП регион. Претставниците од општината логистички го поддржаа настанот и ќе имаат главна улога во локално спроведување на сите активности. Заинтересираните граѓани позитивно се изразија околу спроведување на кампањите, меѓу кои и отворање на ваков инфо центар каде граѓаните ќе добијат информации за тековните акции и совети како полесно да го заменат својот стар и неефикасен систем за греење.
Присутните споделија и конкретни примери на објекти каде ваквите кампањи за замена би биле корисни, по што и се согласија и од потребата за идна заеднична соработка за придвижување кон зелена транзиција.