Работилницата за иновации на Светските денови за одржлива енергија – проектот REPLACE обезбедува информации за системи за греење и ладење на обновливите извори во резиденцијалниот сектор

„Почна уште една војна со фосилните горива во центарот на конфликтот… А фактот што енергетската зависност, безбедноста на снабдувањето, доверливоста, стабилноста на цените сега се повторно од големо значење е единствената добра работа во ситуацијата. Со оглед на моменталната ситуација во Украина и нејзиното влијание врз европскиот енергетски сектор, Доминик Руц (WIP Renewable Energies) им посака добредојде на повеќе од 40 учесници на REPLACE работилницата за иновации во Велс, 8 април 2022 година. Како дел од Светските денови за енергетска ефикасност, проектниот тим на REPLACE ја искористи можноста да размени знаење и искуство со учесниците за теми поврзани со обновливите извори на греење и ладење во резиденцијалниот сектор.

Долго време политичкото внимание беше насочено само кон електричната енергија, а потоа и кон секторот за мобилност, занемарувајќи го секторот за греење и ладење, но последиците сега се чувствуваат, рече Руц. „Проектот REPLACE започнува токму тука и го промовира преминот од фосилни енергии кон обновливи системи за греење во секторот за греење и ладење.

Тркалезна маса: Учесници беа претставници од REPLACE регионите: (горе лево кон десно) Карина Кнаус (AEA, Австрија, Модератор), Самра Муратспахиќ (ENOVA, Босна и Херцеговина), Ангел Николаев (BSERC, Бугарија), Емилија Михајлоска (SDEWES-Скопје, Северна Македонија), Херберт Третер (АEA, Австрија), Инго Бол (WIP, Германија)

На работилницата беше претставен проектот REPLACE со неговите цели, алатки и активности. Воедно се даде и преглед на декарбонизацијата на секторот за греење и ладење во Европа, и главните предизвици и двигатели, како и можните решенија и препораки за успешна транзиција на климатски прифатливите технологии.

Проектот REPLACE

Во својата презентација за проектот REPLACE, проектниот менаџер Херберт Третер (АЕА) ги претстави 11-те партнери во 9 земји, преку кои REPLACE покрива различни ситуации во однос на социо-економските услови и развојот на пазарот. „Целта е да се направи просторното греење и производството на санитарна топла вода во домаќинствата независно од увозот на енергија, а зелената енергија треба да доаѓа локално (од покривот, градината, земјата или локалната шума)“, како што нагласи Третер. Како уште една главна активност на проектот, покрај алатките за замена, тој ги претстави 9-те локални работни групи кои се активни на пазарот на топлинска енергија во регионите и се вклучени во развојот на мерките кои сега се спроведуваат.

Декарбонизација на секторот за греење и ладење – Главна презентација од проф. Невен Дуиќ

Проф. Невен Дуиќ од Катедрата за енергетика, електроенергетика и животна средина на Универзитетот во Загреб даде преглед на декарбонизацијата на секторот за греење и ладење во резиденцијалниот сектор. Како што истакна тој, декарбонизацијата мора да продолжи брзо: „Од климатска перспектива, ова треба да се направи до 2040 година. Од перспектива на безбедноста на снабдувањето, ова би требало да се случи уште побрзо, идеално веќе следната зима“.

Проф. Дуиќ претстави четири можни патеки за декарбонизација, “при што централното греење е најразновиден начин за градско греење, бидејќи може да се снабдува од бројни обновливи извори како што се употребата на отпадна топлина, сончева, геотермална, топлински пумпи, биомаса итн.“, како и топлински пумпи за индивидуално греење. Во однос на европската политика (ефикасен ЦТС, чл.24 преработен EED), проф. Дуиќ ги претстави целите за ефикасно централно греење од 2025 до 2050 година, што покажа дека обновливите извори на енергија, отпадната топлинска енергија и високата ефикасност на когенерација треба да постигнат постојано растечки удел, при што когенерацијата во централното греење целосно ќе се укине по 2035 година. Покрај користењето повеќе сончева енергија и термално складирање, проф. Дуиќ ја спомена геотермалната енергија како опција која е широко достапна во Европа и е изводлива со оглед на тековните високи цени на бензинот и потребата за замена на гасните котли.

Што се однесува до заклучокот на проф. Дуиќ, “интеграцијата на системот за електрична енергија, греење, ладење, вода и транспорт е неопходна што е можно поскоро. Постои потреба од паметни енергетски системи кои се евтини и едноставни. Неопходно е да се концентрираме на централното греење кое е многу разновидно во интеграцијата на различни топлински текови во урбаните средини, топлинските пумпи во руралните и приградските области – интегрирање на обновливи извори и обновлива електрична енергија. Исто така важно е да се води сметка биомасата да се користи само во каскади – да не се користи дрвото за загревање, туку за поголема додадена вредност, а за греење да се користи само отпадна биомаса“.

Акции во REPLACE регионите

Гашпер Штегнар од Центарот за енергетска ефикасност на институтот Јожеф Стефан ги претстави активностите од регионите на REPLACE кои промовираат постепено укинување на неефикасните и стари системи за греење и ладење. Меѓу другото, Штегнар се осврна на one-stop-shop на Австриската агенција за енергија, каде заинтересираните чинители можат да изберат провајдери во нивна близина на интернет платформа, кои имплементираат климатски прифатливи системи во сеопфатен пакет.

Важно беше да се напомене учеството на проектниот партнер BSERC во зголемување на субвенцијата за обновливите системи на 70 милиони евра и организирање на заедничко купување на пелети за да се постигнат добри цени. Развојот на нова шема за субвенционирање во Шпанија беше уште еден пример, со кој вкупно 10 MW капацитет на котли за станбени простории ќе се префрлат од фосилни горива на биомаса во рок од неколку месеци. Во Словенија се разви кампања каде сите што аплицираат за климатско прифатливо греење го користат REPLACE калкулаторот за греење. Дополнително, кампањата на JSI „Заменете го мазутот за доброто на животната средина“ резултираше со замена на над 130 котли за мазут со топлински пумпи.

Материјали во проектот REPLACE

Бенедета ди Констанзо од WIP Renewable Energies ги претстави бесплатните материјали обезбедени од проектот REPLACE за крајните потрошувачи, посредници и инвеститори. Прирачникот за крајните корисници вклучува придобивки од одржливиот систем за греење, седум чекори за замена што треба да се преземат, како и листа на обновливи технологии. Прирачникот за посредници и инвеститори го опфаќа целиот процес на замена, грешките што треба да се избегнат и причините за инвеститорите да инвестираат во обновливи системи. Збирката од околу 40 примери за најдобри практики, кои се, како што нагласи ди Констанцо, „вистински животни приказни кои покажуваат дека системи за греење кои се климатски прифатливи се можни, технички и економски изводливи“.

REPLACE Калкулатор

Како една од главните алатки, Херберт Третер го демонстрираше калкулаторот REPLACE. „Има многу работи што треба да се разгледаат – кои технологии и горива се достапни, кои програми за субвенционирање може да се земат предвид и колку се високи трошоците за греење ако не се земаат во предвид само почетните трошоци?“. Калкулаторот треба да помогне да се најде најдоброто решение за својот објект, но заедно во консултација со енергетски консултант или инсталатер.

Главни предизвици и двигатели за воведување на обновлива енергија во секторот за греење и ладење – Тркалезна маса

Во вториот дел од работилницата се одржа тркалезна маса на која се разговараше за главните предизвици и двигатели за воведување на обновливите извори на греење и ладење во Југоисточна и Централна Европа.

Тркалезната маса, модерирана од Карина Кнаус (АЕА), започна со вовед во различните состојби на греење и ладење во регионите кои се партнери на проектот. Во Сараево (Босна и Херцеговина), речиси сите системи за греење се на фосилни горива, од кои половина се централни системи на гас и индивидуални системи за греење на гас.

Во регионот Родопи (Бугарија), во голем број енергетско сиромашни домаќинства, греењето традиционално е со огревно дрво во неефикасни печки (70 %) кои загадуваат, додека пелетите, топлинските пумпи воздух-воздух и сончевата топлинска енергија имаат помал удел. Во КАГоП регионот (Северна Македонија) доминира греењето на огревно дрво и електрична енергија, додека само 25% во главниот град Скопје се приклучени на парно греење. Во регионот Салцбург, 35% веќе се греат со централно греење кое е климатски прифатливо. Останатите ¼, кои се греат на гас и нафта можат да добијат субвенции за обновување, но ги попречува недостатокот на квалификувани работници и материјали. И во баварскиот Оберланд (Германија), 80% од приватните домаќинства сè уште се греат со фосилни горива, кои можат да имаат корист од субвенциите како во Австрија, но исто така се спречени од недостатокот на квалификувани работници.

Како што беше потенцирано во дискусијата, зголемените цени на пелетите и струјата поради војната во Украина делуваат неповолно со активностите на REPLACE, така што на пр. во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Бугарија крајните потрошувачи се враќаат на греење на јаглен или огревно дрво, со што се забавува енергетската транзиција.

Зошто промените сè уште не се случиле?

Учесниците на тркалезната маса дадоа свои коментари и мислења на прашањето на Карина Кнаус, зошто сè уште не е направена промена надвор од сегашната ситуација, иако е неопходна за заштита на климата.

Во Австрија, а исто така и во Германија, субвенциите помагаат постепено да се исфрлат нафтата и гасот и да се реновираат зградите. Во исто време, недостигот од инсталатери и опрема во моментов претставува бариера, така што не може да се спроведе замена на системот за греење, како што изјавија Херберт Третер и Инго Бол. Дополнително, „има чинители на пазарот кои сакаат да продаваат фосилни горива по дисконтни стапки што не би биле од корист за пазарот на обновливи извори“, како што истакна Бол.

Во Северна Македонија, Бугарија и Босна и Херцеговина, недостатокот на субвенции за замена и реновирање на системот за греење, недостатокот на правни стратегии за реновирање и задолжително воведување на обновливи енергии играат улога во забавена енергетска транзиција. Од социјален аспект, често општините се соочуваат со недостиг на соодветно обучен кадар. За промена на моменталната ситуација неопходни се соодветни финансиски и политички мерки.

Можни решенија и инструменти

На крајот од работилницата, учесниците разговараа за можни решенија за имплементација на климатски прифатливо греење и ладење. Со цел да се стабилизираат цените на пелети на долг рок, Херберт Третер го претстави докажаниот пристап во Австрија за поставување на национални капацитети за складирање на пелети за домашна побарувачка наместо да се извезуваат премногу пелети. Дополнително, во моментов би биле неопходни субвенции, особено за домаќинствата со ниски приходи, со цел да се овозможи реновирање на објектите. Исто така, поголема солидарност во ЕУ во енергетската транзиција во секторот греење би била неопходна.

Во Босна и Херцеговина, Самра Муратспахиќ напомена дека е потребно и понатамошно продолжување на субвенциите и политичките мерки кои во моментов се спроведуваат. Тука спаѓаат и проектот каде за првпат се исплаќаат субвенции за замена на топлификациските системи, како и стратегија за замена во области кои се важни за подобар квалитет на воздухот.

Во баварскиот Оберланд, таканаречените локални системи за греење во селата работат добро, при што земјоделците користат сопствено дрво за да функционира микро-мрежата за нивното соседство. Како добра пракса се т.н. енергетски каравани во населбите на кои им треба реновирање и кратки видеа каде што се објаснува, на пр. начинот за аплицирање за субвенции.

Во регионот Родопи, алатките на REPLACE, како што се технолошките информативни листови, примери за најдобра практика и инфо-центрите, се покажаа особено корисни за давање на совети и мобилизирање на луѓето за замена на системите за греење, како што изјави Ангел Николаев.

И од перспектива на регионот КАГоП во Северна Македонија, Емилија Михајлоска препорача подготовка на стратешки документи во согласност со целите и мерките на ЕУ. Веќе постојат субвенции за пелети, инвертори, покриви и фасадни конструкции, но потребни се повеќе субвенции во областа на топлинските пумпи и ФВ системи како и реновирање на постоечки згради.

Заклучок и препораки

Работилницата на REPLACE заврши со заклучоци и препораки презентирани од Игнацио Мациас (ESCAN, Шпанија). Од дискусијата можеше да се заклучи дека мнозинството од населението сака решенија кои се климатски прифатливи, но почетната инвестиција е главната бариера. Добро информираните чинители и потрошувачи, заедно со финансирањето, постигнуваат подобри резултати. Недостатокот на квалификувана работна сила е еден од ограничувачките фактори.

Во исто време, заедничките активности како што е австрискиот one-stop-shop покажаа дека има простор за подобрувања, на пример кога работниците ги демонтираат старите греалки, со доволно простор и време за обучени инсталтери да инсталираат нови системи. Дополнително, порастот на цените на фосилните горива ги направи обновливите извори на енергија поконкурентни, но вкупната инфлација го забави процесот на замена.

Cookie Consent with Real Cookie Banner