100% Renewable Heating Campaign

Со цел да се истакне напорот на потрошувачите кои го промениле својот систем за греење на обновлива енергија, беше дизајнирана ознака за 100% одржлив систем која ќе се закачи на нивните куќи или системи со цел да ги поттикне и мотивира другите потрошувачи да ги заменат старите системи со климатски прифатливи алтернативи. На почетокот на октомври КАГоП регионот иницираше повик кој беше објавен на веб-страници на општините преку кој граѓаните кои имаат инсталиран еколошки систем можат да се пријават и да бидат наградени со зелена налепница и енергетски ефикасни светилки. Одзивот беше навистина голем, односно 80 граѓани се пријавија да бидат пример за крајни корисници кои се свесни за животната средина. Со оглед на моменталната состојба со КОВИД-19 пандемијата, КАГоП регионот организираше посебни настани во секоја од општините каде граѓаните можеа да си ги подигнат зелените налепници. Првиот настан беше организиран во општина Карпош на 7 декември 2021 година каде градоначалникот ја поздрави оваа успешна кампања. Дополнително, беа организирани два други настани на 21 декември во општина Ѓорче Петров и на 23 декември во општина Аеродром каде претставници од општините ги поделија налепниците на граѓаните кои имаат инсталирано обновлив систем за греење. Граѓаните ги поставија зелените налепници на своите објекти или системи со што добивме многу фотографии од различни системи за греење на обновливи извори на енергија кои понатаму ќе бидат пример за добра практика.

Cookie Consent with Real Cookie Banner