REPLACE го поддржува одржливото греење и ладење – алатките се речиси комплетни

Иако ситуацијата со COVID-19 ги отежнува состаноците, особено на меѓународно ниво, проектот REPLACE напредува постојано. Online состанокот на конзорциумот на 16-ти септември 2020 година потврди: Голем број на практични алатки ќе бидат подготвени наскоро за поддршка на крајните потрошувачи, посредници и инвеститори во нивните активности за замена:

  • Што претставува греењето и ладењето од обновливи извори за крајните потрошувачи, посредници и инвеститори? Кои извори на информации ги користат? Какви бариери, предизвици и потреби гледаат во однос на замена на неефикасните системи со одржливи? Бројни интервјуа беа спроведени во сите партнерски региони. Соодветните извештаи ќе дадат увид од октомври 2020 година и ќе формира основа за кампањите на проектот REPLACE.
  • Матриците за проценка на замена на системи на јасен и лесен начин ќе дадат упатство за системи за греење и ладење кои најдобро одговараат на секој тип и квалитет на зграда. Регионалните адаптации, вклучително еколошки и економски аспекти, и дизајнот на матрицата се во фаза на изработка. Алатката ќе биде достапна од ноември 2020 година.
  • Во процес на изработка е и калкулаторот REPLACE. Првата верзија, вклучително и националните услови во земјите партнери, ќе биде подготвена да пресмета конкретни проекти за замена од јануари 2021 година.
  • Уште една добра вест за сите што бараат достапен преглед на технологиите за греење и ладење: Се подготвуваат содржини за крајни потрошувачи, посредници и инвеститори во три прирачници, а преводите ќе бидат готови и достапни за користење до февруари 2021 година.
  • Би сакале да стекнете знаење за одржливи системи за греење и ладење кои веќе постојат и успешно работат ? Тимот REPLACE интервјуираше избрани корисници во проектните региони, собра податоци и илустративен материјал и ќе објави примери за најдобри практики од февруари 2021 година.
  • REPLACE нуди семинари за обука за посредници и инвеститори во шест земји на проектот: Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија. Материјалот за обука е во процес на подготовка и ќе биде достапен од февруари 2021 година.
  • На првите состаноци на локалната работна група, работните групи идентификуваа соодветни кампањи за замена, собраа повратни информации за технологиите, ги открија потребите како што се намалување на енергетската сиромаштија или предизвик на занаетчиите да ја зголемат стапката на замена. Заедничка тема за еден од следните состаноци ќе биде утврдување и дискутирање на потенцијалите на регионалниот пазар за одржливи решенија.
  • Повеќе информации за акциите на REPLACE ќе бидат достапни од јануари 2021 година: Првиот билтен за проектот ќе биде достапен во јануари 2021 година, а видеото ќе даде преглед на предизвиците и решенијата за одржливо греење и ладење.
Cookie Consent with Real Cookie Banner