REPLACE моменти во Хрватска: Греење и ладење со обновливи извори во туристичка средина – настан „Отворен ден за посета на објекти“ во Хрватска

Островот Мали Лошињ во Јадранското Море е популарна хрватска дестинација за одмор. Бидејќи во лето собите не се ладат само за населението на островот, туку и за туристите гости, побарувачката за енергија е доста висока. За да покаже како побарувачката може да се задоволи со системите за обновлива енергија, партнерот од REPLACE, Енергетскиот институт Хрвоје Пожар (EIHP) организираше настан т.н. Ден на отворена куќа на островот на 12 април 2022 година.

Во соработка помеѓу EIHP и градот Мали Лошињ беше избран многу интересен пример за најдобра практика: г-дин Шарлија има куќа со шест соби и користи сончеви колектори за покривање на потрошувачката и батерии за складирање на енергија. Во текот на летото често престојува таму и покрај тоа, просторот го издава на туристи. На тој начин неговите потреби за енергија се доста високи во текот на летото, кога целиот простор треба да се излади за да се осигура удобност за сите посетители.

Поканата од EIHP и градот Мали Лошињ ја прифатија 13 учесници кои се во иста ситуација како сопственикот. „Дали системот обезбедува доволно енергија?“, „Кои се барањата за одржување?“ и „Колкав е векот на траење на опремата?“ беа некои од нивните клучни прашања во врска со почистите опции за нивно греење и ладење.

Директно на локацијата, сопственикот г-дин Шарлија покажа како функционира системот и ги охрабри сите кои размислуваат да имплементираат почисти и поеколошки системи дека вреди истото тоа да се направи. „Најмногу сум задоволен што добив независен и сигурен систем“, истакна тој. За да може да одговори и на технички прашања, г-дин Шарлија дури го донесе и својот инсталатер на настанот, кој го надгледувал целиот процес и ја избрал опремата.

Што се однесува до целиот процес, EIHP може да се осврне на многу добра соработка со сите вклучени чинители, од градот Мали Лошињ со нивна помош при пронаоѓањето на локацијата и со поканување на граѓаните на настанот, на сопственикот кој беше многу отворен да го сподели своето искуство и на учесниците кои покажаа голем интерес за темата.

Кој беше заклучокот на EIHP по успешена активност? Ваквите настани можат да им помогнат на сите оние кои се заинтересирани да го направат следниот чекор и да одлучат за подобра опција за греење/ладење за нивниот дом.

Cookie Consent with Real Cookie Banner