REPLACE моменти во Шпанија: Успешно реновирање на системот за греење во Кастиља и Леон, Централна-Северна Шпанија – место каде што заменувањето на старите котли заштедува уште повеќе CO2 и пари:

Со цел да се заменат фосилните горива со обновлива енергија, шпанските партнери во REPLACE, EREN и Escan ја промовираат употребата на биомаса во зградите и домовите. За да се заштеди поголема количина на CO2 емисии и да се поддржи Европа да стане климатско неутрална до 2050 година, партнерите во REPLACE се фокусираа на Кастиља и Леон, особено наградуван и препознаен регион во Шпанија.

Преку соработката на Работната група создадена во проектот REPLACE, инсталирањето на еколошки системи за биомаса се одвива во Кастиља и Леон во Централна-Северна Шпанија. Системите на биомаса главно се користат во зградите на малите села и средните градови, каде што побарувачката за греење е повисока од просечните национални параметри поради подолгите зими.

На тој начин, замената на системите на дизел или гас со биомаса значително ја намалува потрошувачката на енергија, CO2 емисиите, а исто така и трошоците за корисниците на овие згради. Промовираните системи на биомаса за греење и топла вода во споредба со заменетите стари котли на дизел не само што постигнуваат енергетски, туку и економски заштеди од 60% во случај на пелети и близу 80% со дрвен чипс. Со оглед на актуелната енергетска криза и високите цени на енергијата предизвикани од руската агресивна војна во Украина, периодите на враќање се пониски/пократки.

Откако ќе го поминат тестот за верификација, котлите и домовите ја добиваат етикетата од REPLACE за 100% обновлив систем за греење која е прикажана на котелот и надвор од нивните домови. Оваа ознака има за цел да ги поддржи другите соседи за замена на систем и промена на начинот на размислување на посетителите, преку подобро разбирање на вистинските придобивки од замената на системите за греење со фосилни горива.

Escan го поддржува EREN во следењето на целиот процес и вградува специфични етикети на згради и котлари кои ги исполнуваат целите за ефикасност и помало загадување. Најновите посети за верификација беа насочени кон две инсталации од 120 kW за загревање на градското собрание и музејската зграда во градот Ел Тиембло, како и инсталација со две единици котли од 150 kW за пет згради. Во Саламанка, ознаката на REPLACE за 100% обновливи системи за греење беше доделена на 2 котли од 200 kW за домаќинствата во центарот на градот.

https://escansa.es/en/the-european-project-replace-meets-objectives/ .

Cookie Consent with Real Cookie Banner