Олеснувањето за реализација на иновативни модели на соработка беше поддржано со тркалезна маса со важен придонес од релевантни клучни чинители. Оваа работилница беше организирана на 13 февруари 2023 година во Скопје со осум чинители.
Концептот на работилницата вклучуваше презентација, тркалезна маса и интеракција со виртуелни белешки користејќи табли на ZOOM. Инсталатерите, енергетските претпријатија и услужните компании треба да се прилагодат на променливата законска и технолошка рамка за да ги развијат своите бизниси. Постои значителен потенцијал за компаниите да ги прошират своите деловни модели за да станат енергетско ефикасни изведувачи. Можностите за усвојување на ESCO модели во рамките на националното законодавство е значедн придонес за градење на капацитетите на засегнатите страни во однос на способноста да ги прошират нивните деловни модели. Со обезбедување на меѓународни и национални примери за најдобри практики, дискусијата на работилницата се одвиваше со цел да се идентификува областа со најголем бизнис потенцијал за овој пристап.