Проектот REPLACE ги мотивираше домаќинствата во осум европски земји да ги заменат нивните неефиксни системи за греење и ладење со климатски-прифатливи алтернативи. Следните три извештаи даваат преглед на мерките кои ја поддржуваат замената за системи за греење и ладење во проектните региони на REPLACE.
Извештај за регулаторни мерки – D5.1
Политиките и мерките со кои се уредува правната и политичката рамка може да ја поддржи замената на нeефикасни системи за греење и ладење со климатски прифатливи опции. Овој извештај ги сумира мерките кои беа подготвени и имплементирани за време на кампањите и активносите на REPLACE, како на пример во бугарскиот пилот регион, REPLACE придонесе за подобар дизајн и спроведување на општинските планови за обновлива енергија. Во Босна и Херцеговина, партнерот ENOVA е вклучен во Стратегијата за отфрлање на јагленот и други цврсти горива во кантон Сараево во периодот 2021-2031 со цел подобрување на квалитет на воздухот во зимскиот период. Резулататите и поуките од активностите на REPLACE се дел од D5.1 извештајот.
Извештај за родовото прашање, енергетската сиромаштија, отплатување и lock-in аспекти – D5.2
Замената на неефикасни системи за греење може да биде комплесно од повеќе причини: недостаток на финансии, недоволно информации, старосна граница, се само дел од предизвиците бидејќи замената на котлите може да преставува голем напор, особено за поединци. Жените често се оставени сами на себе во поодмината старост поради подолг животен век. Дополнително, постои и ефект за отплатување, според кој крајните корисници ја зголемуваат употребата на енергетски услуги како последица на мерките за енергетска ефикасност преку кои иницијално се намалуваат нивните трошоци за енергија. Исто така и lock-in ефектите постојат во случаи каде домаќинствата се врзуваат со систем за греење и тип на гориво до крајот на работниот век на уредот. D5.2 дава опис на она што е направено во REPLACE регионите за ефикасно да се адресираат сите горенаведени релевантни аспекти.
Извештај за колективни акции на REPLACE – D5.3
Не постои едно решение кое ќе одговара за сите предизвици за замена на мазут, природен гас, јаглен, електрична енергија и неефикасни системи за греење на огревно дрво во резиденцијалниот сектор во Европа. Ова исто така може да се следи и преку развојот и спроведувањето на колективните акции кои ја поддржуваат енергетската транзиција во секторот за греење во домаќинствата. Така на пример во Австрискиот целен регион, имплементацијата на колективни акции резултираше со one-stop-shop која е достапна на веб-страна и крајните корисници може да најдат различни набавувачи согласно потребната замена на системи за греење. Во Шпанскиот регион, колективната акција опфати воспоставување на локален инфо центар за логистика на биомаса што претствавува можност да се набави повеќе биомаса и да се создадат нови работни места во регионите во кои претходно доминантет бил јагленот. Резултатите од воспоставување на колективните акции во сите REPLACE пилот региони се сумирани во D5.3.