Прв REPLACE вебинар

На 15-ти јуни 2021 како дел од кампањите на проектот REPLACE се организираше првиот од трите вебинари на тема: Преглед на одржливи технологии и примери за добри практики за замена на системи за греење и ладење. Вебинарот се реализираше преку ZOOM платформата на кој присуствуваа околу 20 учесници, меѓу кои претставници од општините, локалната работна група, невладините организации, агенцијата за енергетика, приватни компании во областа на инженерство, планирање и животна средина.

Во воведниот дел присутните се запознаа со проектот REPLACЕ и неговите цели, минати и идни активности кои ќе бидат спроведувани во КАГоП регионот. Главната цел на вебинарот беше да се прикажат сите релевантни  технологии за регионот во областа на обновливи извори на енергија, а се дел од документите изработени во рамките на проектот REPLACE. Воедно се дискутираа и добри примери кои веќе КАГоП регионот ги има, како и практики од поискусните земји кои може да послужат како мотивација за реализација на слични акции на локално ниво.

Присутните позитивно се изјаснија за ваквиот настан и ја поддржуваат идејата на REPLACE и се она што понатака ќе биде спроведувано на регионално ниво. Во завршниот дел од вебинарот се разви интересна дискусија каде присутните ја нагласија потребата од меѓусебно вложување на сите институции за заедничка работа и поголема промоција на вакви активности со цел да се истакне важноста за замена на неефикасни системи за греење кај крајните корисници, но и кај носителите на политики за поголема поддршка на истите.   

Cookie Consent with Real Cookie Banner