Регионите на проектот REPLACE активно ги спроведуваат кампањите! Состанокот кој го одржа конзорциумот даде преглед на активностите за замена на системите за греење

На 14 февруари 2022 година, се одржа состанокот на конзорциумот на проектот REPLACE и даде импресивен преглед за тоа како луѓето во деветте целни региони во Западна, Централна и Југоисточна Европа моментално можат да имаат корист од акциите за замена на системот за греење.

Во Австрија, во април ќе почне со работа едношалтерска продавница за замена на котли и печки, која е во организација на Австриската агенција за енергетика. Со тоа крајните потрошувачи ќе можат да користат нова интернет платформа која прво ќе биде достапна во провинцијата Салцбург. Давателот на услуги, меѓу другото, се обврзува да инсталира системи за греење кои се климатски прифатливи, а притоа да го отстрани и правилно складира стариот котел, да врши проверки на греењето за да се оствари енергетска заштеда и да обезбеди мобилен (привремен) уред за греење во случај на дефект на системот за греење и со тоа да обезбеди доволно време за замена на нов систем за греење.

Во кантонот Сараево во Босна и Херцеговина, проектниот партнер ENOVA веќе додели 12 стикери на домаќинствата кои ги загреваат своите објекти со 100% обновлива енергија. Со цел да се мотивираат уште повеќе луѓе да ги заменат нивните системи за греење со еколошки алтернативи, ENOVA организираше голема медиумска кампања во регионот, но и пошироко преку социјалните мрежи, печатените медиуми и интервјуа на радио и телевизија. Како дел од кампањите беа поставени и десет општински информативни центри кои имаа голем успех, привлекувајќи повеќе од 200 заинтересирани потрошувачи да добијат информации за замена на системите за греење.

Во Бугарија, партнерот на проектот REPLACE, BSERC беше директно вклучен во зголемувањето на субвенциите за обновливите извори на системи за греење на национално ниво, до 70 милиони евра. За да се осигура дека крајните потрошувачи се опремени со пелети за претстојната зима, BSERC ќе организира заедничка набавка во две општини во летниот период во 2022 година, што исто така ќе има позитивен ефект врз цената.

Во Хрватска, партнерот REGEA им помогна на 100 крајни потрошувачи во северозападна Хрватска да добијат субвенции за замена на системот за греење и на тој начин да купат климатски прифатливи системи за греење, сончеви топлински системи и топлински пумпи. Истовремено, 30 идни инженери учествува во организирана тура низ иновативниот информативен центар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, запознавајќи ги од прва рака еколошките технологии. Во пролетта 2022 година, партнерот EIHP ќе организира настани и теренски патувања прикажувајќи примери за добра практика, каде што заинтересираните чинители ќе можат да научат за веќе имплементираните системи за греење во регионот на Приморско-горанската жупанија.

Во баварскиот Оберланд во Германија, централните топлински мрежи играат главна улога. Во Оберланд, заинтересираните можат да ги посетат локалните топлински мрежи на земјоделците кои се снабдуваат себеси и нивните соседи со топлина или општинските мрежи. На информативниот ден организиран од страна на EWO на тема за централни топлински мрежи и идните снабдувачи на топлинска енергија, предавачите ќе го дадат своето мислење и ќе го пренесат знаењето и искуството на заинтересираните страни.

Во Северна Македонија, крајните корисници веќе можат да добијат информации за одржливо греење во информативните центри во регионот КАГоП. Во општините, проектниот партнер SDEWES-Скопје обезбедува промотивни материјали, прирачници и обучува вработени кои можат да го пренесат знаењето. Воедно, достапен е и виртуелен информативен центар за поширока промоција на REPLACE и надвор од регионот. SDEWES-Скопје исто така организираше два вебинари и пренесе знаење на вкупно 50 учесници од општини, креатори на политики, професионалци и крајни корисници. Планиран е уште еден вебинар за пролетта 2022 година. На почетокот на октомври 2021 година во рамките на кампањата „Означување на 100% одржливи системи за греење и ладење“, КАГоП регионот иницираше повик и го објави на општинските веб-страници со цел граѓаните кои поседуваат такви системи за греење да аплицираат и да бидат награден со зелен стикер. Заинтересираноста беше голема, бидејќи речиси 80 граѓани се пријавија да бидат пример за еколошки свесни корисници.

Во Шпанија, проектните партнери EREN и ESCAN организираа работилница за професионалци. Повеќе од 40 учесници се информираа за климатски прифатливо греење, а со тоа стекнаа знаење што сега можат да го пренесат на своите клиенти. Партнерите на проектот доделија стикери на 200 куќи и 200 котли и споделија нови знаења и информации за биомасата до крајните потрошувачи. Воедно, воспоставени се 10 информативни центри. Новата шема за субвенционирање развиена од EREN помага да се префрлат котли од фосилни горива на биомаса со вкупен капацитет од 10 MW во рок од неколку месеци. Дополнително, како добра пракса беа снимени четири видеа со системи за греење на биомаса во индивидуална куќа, во станбена зграда, приватна и јавна мрежа за греење наместо користење фосилни горива.

Во Словенија, проектниот партнер институт Јожеф Стефан, преку REPLACE калкулаторот им помага на сите заинтересирани да аплицираат за субвенција за системи за греење кои се климатски прифатливи. Организацијата што ја доделува субвенцијата ги советува апликантите однапред да го пресметаат својот случај користејќи го калкулаторот, добивајќи информации за соодветни системи за греење кои се прифатливи за нивната ситуација и можностите за финансирање. Дополнително, 75 посредници го користат REPLACE калкулаторот како “white-label”алатка за нивниот бизнис. Во рамките на колективната акција 134 котли на нафта беа заменети со топлински пумпи, иако првичната цел беше поставена на 100 котли на нафта.

Кампањите на REPLACE се одвиваат во 9 проектни региони до август 2022 година. Дознајте повеќе од проектните парнери кои активности ќе се спроведуваат во вашиот регион во следниот период.

Cookie Consent with Real Cookie Banner