Состанокот на конзорциумот на REPLACE во април покажа дека по интензивна и подготвителна работа, кампањите за одржливо греење и ладење се подготвени да започнат во 10 европски региони!
Примерите за најдобри практики се подготвени за употреба, каде што сите заинтересирани можат да погледнат што другите веќе имаат имплементирано во однос на обновливите системи за греење и ладење. Покрај прирачниците за посредници и инвеститори и техничкиот прирачник за крајни корисници е исто така достапен. Прирачникот за крајни корисници прикажува голем број на одржливи системи и бројни придобивки од истите, но дава и одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со замена на системи на греење и ладење. Исто така и матриците на REPLACE и REPLACE калулаторот за замена на системи за греење се во завршна фаза. Од јули 2021 година online алатките ќе им овозможат на луѓето да видат на прв поглед кој одржлив систем е најсоодветен за нивната зграда и да пресметуваат соодветни системи за замена во однос на заштедите на СО2 и трошоците.
Комплетирањето на овие алатки истовремено овозможува да се започнат кампањите на проектот REPLACE, кои се одвиваат во 10 региони на REPLACE од западна преку централна до југо-источна Европа до август 2022 година. Затоа, спроведувањето на кампањите беше во фокусот на состанокот на конзорциумот во април: Кои активности се спроведуваат во моментов и кои се предизвиците? Кои активности имаат најголемо влијание и како крајните потрошувачи, посредници и инвеститори во регионите се информирани за акциите?
На пример, во Словенија, веќе се одржа првиот вебинар, кој ги информираше енергетските советници за техничкиот прирачник со фокус на употреба на топлински пумпи, матриците за греење и другите алатки кои веќе се развиени во рамките на проектот. Во Хрватска и Северна Македонија воспоставени се инфо-центри обезбедувајќи простор за крајните корисници и сите заинтересирани да се информираат за обновливо греење и ладење. Во Австрија во текот на летото 2021 година во фаза на тестирање ќе биде системот каде што сè може да се обезбеди од едно место (one-stop-shop) за замена на котли. Исто така, и сите други региони се во подготвителна фаза или веќе започнаа со активностите, како на пример: поддршка за употреба на мобилни контејнери за греење, олеснување на колективните активности преку поддршка за реализација на централни топлински мрежи или организирање на настани за презентирање на реализирани системи за греење или ладење.
Предизвикот што останува присутен во сите региони е КОВИД-19 пандемијата. И покрај тоа што пандемијата може да ги отежни кампањите во зависност од регионалната ситуација или може да има влијание врз инвестициите во системи за обновлива енергија, кампањите за замена отпочнаа и се прилагодени на соодветната ситуација со цел да се промовира одржливо греење и ладење во Европа.