REPLACE промовира ефикасно греење и ладење во Европа со својот нов Калкулатор преку кој
крајните корисници и професионалци можат да пресметаат одржливи опции за греење. Исто
така, матрицата која беше развиена покажува кои системи за греење на обновливи извори
одговараат на кои типови згради. Дополнително беа креирани два прирачници кои им помагаат
на крајните корисници и професионалците да се префрлат на одржливи технологии за греење.
Сите алатки се прилагодени на десетте проектни региони од Европа.
Темите во билтенот се:
• REPLACE алатките – спремни за користење !
• REPLACE кампањите во целните региони
• REPLACE Енергетските самити
• Новите REPLACE извештаи
REPLACE калкулатор за вашиот систем за греење (MK)
Со што може да ги замените нафтата, гасот или неефикасниот систем за греење? Со REPLACE калкулаторот, можете да ја пронајдете најдобрата алтернатива за стариот систем за греење која климатски прифатлива во само три чекори. Погоден е и за за реновирање или замена на вашите котли или печки, прилагоден на вашиот дом и вашата ситуација во 10 европски целни региони. Калкулаторот е достапен на 8 јазици (BiH, DE, BG, ES, HR, MK, RS, SL) со функција речиси како енергетски консултации.
Кампањите во регионот КАГоП започнаа во февруари 2021 година и неколку активности беа спроведени во следните месеци.
Како дел од кампањите на проектот REPLACE, во мај 2021 година, Инфо центарот во општина Ѓорче Петров беше официјално претставен пред граѓаните. SDEWES-Скопје во соработка со претставници на Секторот за енергетска ефикасност во општината го направија ова катче достапно за сите заинтересирани страни и ќе помогнат со иницијативите за замена на неефикасните системи за греење и ладење со еколошки решенија.
Семинар за тренинг на посредници и инвеститори
Семинарот за обука за посредници и инвеститори беше организиран преку платформата ZOOM на 21.09.2021 година со почеток во 10:00 часот со времетраење од два часа.
Обуката има за цел да ги информира посредниците за опциите за обновливи системи за греење и ладење достапни на пазарот денес, со цел да бидат добро обучени при замена на системи и да можат да ги измерат очекуваните енергетски и финансиски заштеди, но и да ги промовираат општествените придобивки од замената на стар со ефикасен систем за греење и ладење.
Прирачник за замена на системи за греење – За инсталатери, чистачи на оџаци и инвеститори
Прирачникот за професионалци е ориентиран кон посредници (на пр. оџачари, инсталатери, енергетски консултанти, итн.) и инвеститори (на пр. градежници, сопственици на станови, добавувачи на енергија и оператори на ЦТС, итн.). Извештајот (на сите јазици на проектите партнери и англиски) вклучува голем број различни информации за овие целни групи, за тоа зошто да се промовираат и инвестираат во одржливи решенија за греење и ладење, упатства за планирање, типични грешки, опции за обука, можности за финансирање, деловни модели, технолошки информативни листови, вклучувајќи начини за подобар пристап до клиентите за продажба на опремата или системите итн.
Декарбонизација на топлинскиот сектор – втор REPLACE вебинар (прв дел)
Изминатата година беше преполна со предизвици за сите и година која го промени начинот на работа, а воедно ја ограничи можноста за вмрежување на главните чинители. Со цел подобро запознавање на соработниците, партнерите и истакнатите претставници од различни сектори на енергетиката, но и со олеснување на КОВИД-19 мерките, не сакавме да ја пропуштиме можноста да организираме настан каде учесниците ќе може од прва рака да разменат искуства и ќе се запознаат со она што е најактуелно во областа на одржливо греење и ладење.
Continue reading “Декарбонизација на топлинскиот сектор – втор REPLACE вебинар (прв дел)”REPLACE калкулатор за замена на системи за греење – вебинар во јуни 2021 година
Калкулаторот на REPLACE за замена на системи за греење ќе биде достапен на 9 јазици, вклучително и на македонски јазик. Крајните потрошувачи, посредниците и инвеститорите можат претходно да ги пресметаат своите проекти за замена во однос на системите за обновлива енергија или системите за централно греење за постојните куќи. Калкулаторот се планира и како “white-label” алатка, односно посредниците, добавувачите и други заинтересирани можат да го стават калкулаторот на сопствените веб-страници и да ја користат алатката профитабилно за нивните деловни активности.
Со цел да се направат завршните промени и подобрувања, меѓународниот проектен тим на REPLACE одржа вебинар на 15-ти јуни. Карактеристиките и функциите на калкулаторот беа презентирани од страна на тимот на Австриската агенција за енергетика, пришто се опфатени не само индивидуалните куќи, туку и зградите до 1.500m². Калкулаторот нуди две нивоа на пресметка, режим на краен корисник, лесен за употреба, кој може да премине во експертски режим со детални анализи и резултати што се прикажани графички на четири различни начини.
Continue reading “REPLACE калкулатор за замена на системи за греење – вебинар во јуни 2021 година”Прв REPLACE вебинар
На 15-ти јуни 2021 како дел од кампањите на проектот REPLACE се организираше првиот од трите вебинари на тема: Преглед на одржливи технологии и примери за добри практики за замена на системи за греење и ладење. Вебинарот се реализираше преку ZOOM платформата на кој присуствуваа околу 20 учесници, меѓу кои претставници од општините, локалната работна група, невладините организации, агенцијата за енергетика, приватни компании во областа на инженерство, планирање и животна средина.
Continue reading “Прв REPLACE вебинар”Отварање на Информативен центар
На 18-ти мај 2021 како дел од кампањите на проектот REPLACE во функција ставен e информативниот центар во општината Ѓорче Петров, дел од КАГоП регион. SDEWES-Скопје во соработка со претставници од секторот за енергетска ефикасност во општината го ставија на располагање ова информативно катче за сите заинтересирани граѓани за замена на постојниот систем за греење и ладење со нови еколошки алтернативи.
Continue reading “Отварање на Информативен центар”Енергетски Самит
На 17.5.2021, македонската секција за Меѓународниот центар за енергетски, водни и околински системи (SDEWES-Skopje)во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) го организираа Енергетскиот самит преку ZOOMплатформата. Настанот беше проследен од 48 чинители, претставници од општините низ целата држава, од невладиниот сектор, експерти итн. Низ размена на знаења и дијалог меѓу клучни чинители, целта на Енергетскиот самит беше да го поттикне развојот на политичка волја за делување во насока на Европскиот зелен договор преку имплементација на нови проекти за одржливо греење и ладење.
Continue reading “Енергетски Самит”