Објавен е извештајот D2.4: Размена на искуства со претходни кампањи за замена и нивно вградување во програмите за политики, SWOT на олеснителни мерки

Извештајот D2.4 покажува детален преглед на работата што е веќе направена на национално и локално ниво со цел да се заменат неефикасните системи за греење и ладење. Вклучува 22 кампањи за промоција на опрема за греење и ладење што ќе се одвива во регионите на проектот REPLACE, со дополнителни пет кампањи кои се реализирани надвор од целните региони.

Continue reading “Објавен е извештајот D2.4: Размена на искуства со претходни кампањи за замена и нивно вградување во програмите за политики, SWOT на олеснителни мерки”

Објавен е извештајот D2.3: Истражување на постојните активности за одгворо на побарувачката и колективните акции во секторот за греење и ладење и преглед на законските и другите барања и предизвици

Во извештајот D2.3 дадени се информации за состојбата на колективните акции, Заедници за обновлива енергија и Граѓански заедници за енергија. Вкупно, прикажани се 19 активности за одговор на побарувачката и 28 примери за колективни акции во целните земјите на проектот REPLACE.

Continue reading “Објавен е извештајот D2.3: Истражување на постојните активности за одгворо на побарувачката и колективните акции во секторот за греење и ладење и преглед на законските и другите барања и предизвици”

Објавен е извештајот D2.2: Да го направиме греењето и ладењето одржливо – препреки, решенија и најдобри практики

Фокусот на извештајот D2.2 е на правните аспекти кои го попречуваат прифаќањето на пазарот на обновливите системи за греење и ладење. Препреките, нивните причини и последици се главна тема на овој извештај. Сложен проблем се појавува кај зградите на кои се применува Законот за домување. Покрај тоа, споделувањето на одговорности во енергетскиот сектор може да го отежни донесувањето на одлуки на локално ниво. Во таа насока беше испитано и дали постои средина за развој на пазарот на енергетски услуги и дали и како се охрабрува и поддржува употребата и унапредувањето на обновлива енергија.

Земји кои се вклучени во извештајот се Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија, Северна Македонија, Србија, Словенија и Шпанија.

Извештајот е достапен на англиски јазик.

Објавен е извештајот D2.1: Проценка на условите на рамковната политика и преглед на одржливо греење и ладење во избраните европски региони

Извештајот D2.1 за рамковните услови претставува преглед на стратегиите, политиките, мерките и инструментите поврзани со опремата за греење и ладење. Истиот ги идентификува главните двигатели и бариери за замена и ги прикажува успешните примери за замена на системи за греење и ладење во секој регион на проектот што потенцијално може да се реплицира. Во извештајот се идентификуваат пет клучни предизвици за спроведување на замената на системи за греење и ладење, како на пример зголемување на свеста на крајните потрошувачи за донесување на правилни одлуки и регулаторни одредби кои даваат можност за чисто планирање и исполнување на целите за целосна замена на фосилните и неефикасните системи за греење.

Земји кои се вклучени во овој извештај се Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Геманија, Северна Македонија, Србија, Словенија и Шпанија.

Извештајот е достапен на англиски јазик.

Втора средба за проектот REPLACE – виртуелна и продуктивна

REPLACE CM2

Вториот состанок на проектот REPLACE се одржа на 19 и 20 мај, 2020 година. Истиот првично беше планиран да се одржи во еден од регионите на земјите партнери, Баварија Оберленд во Германија, но поради ситуацијата со COVID-19 настанот се одржа виртуелно, а сепак со одлична дискусија. Покрај 12 партнери на проектот на тимот се придружија и три членови од одборот за консултација:

Continue reading “Втора средба за проектот REPLACE – виртуелна и продуктивна”

Прв состанок на работната група

Првиот состанок на работната група за КАГоП регионот во рамките на проектот REPLACE беше организиран на 12.05.2020 од страна на SDEWES-Скопје. Состанокот се одржа преку ZOOM платформата со цел презентација на целите и активностите на проектот. Проектот REPLACE се стреми да ги мотивира и поддржи луѓето во девет различни земји да ги заменат нивните стари системи со еколошки алтернативи. Локалната работна група вклучува чинители од општините Карпош, Аеродом, Ѓорче Петров, како и претставници од организациите ЦеПроСАРД, ХАБИТАТ-Македонија и Здружението на лиценцирани енергетски контролори. Вкупно 10 чинители го дадоа својот придонес на овој состанок каде се дискутираа актуелни теми.

Локалната работна група има клучна улога во имплементација на сите активности на терен и во промоција на тековни и идни настани. Нивниот позитивен став за целите на проектот и перспективата на регионалните кампањи го дефинираа одржувањето на следен состанок во следните неколку месеци.

Kick-Off во Виена

Во ноември 2019, во Виена се одржа Kick-Off состанокот каде 12 партнери од 10 Европски региони се сретнаа за да ги отпочнат активностите во рамките на проектот REPLACE. Нивната заедничка цел е: замена на стари системи за греење и ладење со нови, зелени алтернативи.