Во мај, BUILD UP порталот на ЕУ се фокусираше на тоа како да се намали потрошувачката на енергија во зградите. Вебинарот на REPLACE на 31.5.2022 година за постепено укинување на системите за греење со фосилни горива беше совршено прилагоден и се одржа во соработка со BUILD UP порталот на ЕУ и проектот HARP.
Колективните активности можат да ја направат енергетската подостапна, да постигнат технички поефикасни резултати и да промовираат греење и ладење кое е клиамтски прифатливо. На проектниот состанок што се одржа на 6 април 2022 година, партнерите на REPLACE ги презентираа можностите што ги спроведуваат во нивните региони.
Со намалување на мерките за КОВИД-19 пандемијата, во април 2022 година беше организиран трет семинар за обука на инвеститори, проектанти и изведувачи со физичко присуство. Претходно беа одржани два онлајн семинари за обука во септември и декември 2021 година. Потребата за ваква активност беше повеќе од очигледна, бидејќи учесниците беа желни да слушнат повеќе за материјалите и алатките, но и да разменат знаења и искуства.
На 18.04.2022 година во Скопје беше организиран тренинг семинар за посредници и инвеститори како целодневен настан, проследен од околу 25 учесници. Обуката беше поделена во три дела, 2 сесии и панел дискусија со практична работилница, проследена со заклучоци и препораки за понатамошна работа.
„Почна уште една војна со фосилните горива во центарот на конфликтот… А фактот што енергетската зависност, безбедноста на снабдувањето, доверливоста, стабилноста на цените сега се повторно од големо значење е единствената добра работа во ситуацијата. Со оглед на моменталната ситуација во Украина и нејзиното влијание врз европскиот енергетски сектор, Доминик Руц (WIP Renewable Energies) им посака добредојде на повеќе од 40 учесници на REPLACE работилницата за иновации во Велс, 8 април 2022 година. Како дел од Светските денови за енергетска ефикасност, проектниот тим на REPLACE ја искористи можноста да размени знаење и искуство со учесниците за теми поврзани со обновливите извори на греење и ладење во резиденцијалниот сектор.
Долго време политичкото внимание беше насочено само кон електричната енергија, а потоа и кон секторот за мобилност, занемарувајќи го секторот за греење и ладење, но последиците сега се чувствуваат, рече Руц. „Проектот REPLACE започнува токму тука и го промовира преминот од фосилни енергии кон обновливи системи за греење во секторот за греење и ладење.
Тркалезна маса: Учесници беа претставници од REPLACE регионите: (горе лево кон десно) Карина Кнаус (AEA, Австрија, Модератор), Самра Муратспахиќ (ENOVA, Босна и Херцеговина), Ангел Николаев (BSERC, Бугарија), Емилија Михајлоска (SDEWES-Скопје, Северна Македонија), Херберт Третер (АEA, Австрија), Инго Бол (WIP, Германија)
На работилницата беше претставен проектот REPLACE со неговите цели, алатки и активности. Воедно се даде и преглед на декарбонизацијата на секторот за греење и ладење во Европа, и главните предизвици и двигатели, како и можните решенија и препораки за успешна транзиција на климатски прифатливите технологии.
Со цел да се поддржат потрошувачите да го направат вистинскиот избор за замена со нов и климатски прифатлив систем за греење, во КАГоП регионот беше спроведена кампања за изработка на техно-економски студии. Физибилити студиите беа бесплатни за сопствениците кои се заинтересирани да го заменат стариот систем за греење. Оваа кампања ја изведе SDEWES-Скопје врз основа на онлајн интервју со сопствениците со користење на REPLACE калкулаторот.
Последниот од серијата вебинари кои беа дел од кампањите на REPLACE беше организиран на 4 април 2022 година преку платформата ZOOM. На настанот присуствуваа 24 клучни чинители, кои го претставуваат регионот КАГоП, како и некои други општини. Воедно, имаше и претставници од Агенцијата за енергетика, Електрани на Македонија, како и невладини организации и компании од областа на обновливо греење и ладење.
На 14 февруари 2022 година, се одржа состанокот на конзорциумот на проектот REPLACE и даде импресивен преглед за тоа како луѓето во деветте целни региони во Западна, Централна и Југоисточна Европа моментално можат да имаат корист од акциите за замена на системот за греење.
Во Австрија, во април ќе почне со работа едношалтерска продавница за замена на котли и печки, која е во организација на Австриската агенција за енергетика. Со тоа крајните потрошувачи ќе можат да користат нова интернет платформа која прво ќе биде достапна во провинцијата Салцбург. Давателот на услуги, меѓу другото, се обврзува да инсталира системи за греење кои се климатски прифатливи, а притоа да го отстрани и правилно складира стариот котел, да врши проверки на греењето за да се оствари енергетска заштеда и да обезбеди мобилен (привремен) уред за греење во случај на дефект на системот за греење и со тоа да обезбеди доволно време за замена на нов систем за греење.
Во кантонот Сараево во Босна и Херцеговина, проектниот партнер ENOVA веќе додели 12 стикери на домаќинствата кои ги загреваат своите објекти со 100% обновлива енергија. Со цел да се мотивираат уште повеќе луѓе да ги заменат нивните системи за греење со еколошки алтернативи, ENOVA организираше голема медиумска кампања во регионот, но и пошироко преку социјалните мрежи, печатените медиуми и интервјуа на радио и телевизија. Како дел од кампањите беа поставени и десет општински информативни центри кои имаа голем успех, привлекувајќи повеќе од 200 заинтересирани потрошувачи да добијат информации за замена на системите за греење.
Во Бугарија, партнерот на проектот REPLACE, BSERC беше директно вклучен во зголемувањето на субвенциите за обновливите извори на системи за греење на национално ниво, до 70 милиони евра. За да се осигура дека крајните потрошувачи се опремени со пелети за претстојната зима, BSERC ќе организира заедничка набавка во две општини во летниот период во 2022 година, што исто така ќе има позитивен ефект врз цената.
Во Хрватска, партнерот REGEA им помогна на 100 крајни потрошувачи во северозападна Хрватска да добијат субвенции за замена на системот за греење и на тој начин да купат климатски прифатливи системи за греење, сончеви топлински системи и топлински пумпи. Истовремено, 30 идни инженери учествува во организирана тура низ иновативниот информативен центар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, запознавајќи ги од прва рака еколошките технологии. Во пролетта 2022 година, партнерот EIHP ќе организира настани и теренски патувања прикажувајќи примери за добра практика, каде што заинтересираните чинители ќе можат да научат за веќе имплементираните системи за греење во регионот на Приморско-горанската жупанија.
Во баварскиот Оберланд во Германија, централните топлински мрежи играат главна улога. Во Оберланд, заинтересираните можат да ги посетат локалните топлински мрежи на земјоделците кои се снабдуваат себеси и нивните соседи со топлина или општинските мрежи. На информативниот ден организиран од страна на EWO на тема за централни топлински мрежи и идните снабдувачи на топлинска енергија, предавачите ќе го дадат своето мислење и ќе го пренесат знаењето и искуството на заинтересираните страни.
Во Северна Македонија, крајните корисници веќе можат да добијат информации за одржливо греење во информативните центри во регионот КАГоП. Во општините, проектниот партнер SDEWES-Скопје обезбедува промотивни материјали, прирачници и обучува вработени кои можат да го пренесат знаењето. Воедно, достапен е и виртуелен информативен центар за поширока промоција на REPLACE и надвор од регионот. SDEWES-Скопје исто така организираше два вебинари и пренесе знаење на вкупно 50 учесници од општини, креатори на политики, професионалци и крајни корисници. Планиран е уште еден вебинар за пролетта 2022 година. На почетокот на октомври 2021 година во рамките на кампањата „Означување на 100% одржливи системи за греење и ладење“, КАГоП регионот иницираше повик и го објави на општинските веб-страници со цел граѓаните кои поседуваат такви системи за греење да аплицираат и да бидат награден со зелен стикер. Заинтересираноста беше голема, бидејќи речиси 80 граѓани се пријавија да бидат пример за еколошки свесни корисници.
Во Шпанија, проектните партнери EREN и ESCAN организираа работилница за професионалци. Повеќе од 40 учесници се информираа за климатски прифатливо греење, а со тоа стекнаа знаење што сега можат да го пренесат на своите клиенти. Партнерите на проектот доделија стикери на 200 куќи и 200 котли и споделија нови знаења и информации за биомасата до крајните потрошувачи. Воедно, воспоставени се 10 информативни центри. Новата шема за субвенционирање развиена од EREN помага да се префрлат котли од фосилни горива на биомаса со вкупен капацитет од 10 MW во рок од неколку месеци. Дополнително, како добра пракса беа снимени четири видеа со системи за греење на биомаса во индивидуална куќа, во станбена зграда, приватна и јавна мрежа за греење наместо користење фосилни горива.
Во Словенија, проектниот партнер институт Јожеф Стефан, преку REPLACE калкулаторот им помага на сите заинтересирани да аплицираат за субвенција за системи за греење кои се климатски прифатливи. Организацијата што ја доделува субвенцијата ги советува апликантите однапред да го пресметаат својот случај користејќи го калкулаторот, добивајќи информации за соодветни системи за греење кои се прифатливи за нивната ситуација и можностите за финансирање. Дополнително, 75 посредници го користат REPLACE калкулаторот како “white-label”алатка за нивниот бизнис. Во рамките на колективната акција 134 котли на нафта беа заменети со топлински пумпи, иако првичната цел беше поставена на 100 котли на нафта.
Кампањите на REPLACE се одвиваат во 9 проектни региони до август 2022 година. Дознајте повеќе од проектните парнери кои активности ќе се спроведуваат во вашиот регион во следниот период.
Со цел да се истакне напорот на потрошувачите кои го промениле својот систем за греење на обновлива енергија, беше дизајнирана ознака за 100% одржлив систем која ќе се закачи на нивните куќи или системи со цел да ги поттикне и мотивира другите потрошувачи да ги заменат старите системи со климатски прифатливи алтернативи. На почетокот на октомври КАГоП регионот иницираше повик кој беше објавен на веб-страници на општините преку кој граѓаните кои имаат инсталиран еколошки систем можат да се пријават и да бидат наградени со зелена налепница и енергетски ефикасни светилки. Одзивот беше навистина голем, односно 80 граѓани се пријавија да бидат пример за крајни корисници кои се свесни за животната средина. Со оглед на моменталната состојба со КОВИД-19 пандемијата, КАГоП регионот организираше посебни настани во секоја од општините каде граѓаните можеа да си ги подигнат зелените налепници. Првиот настан беше организиран во општина Карпош на 7 декември 2021 година каде градоначалникот ја поздрави оваа успешна кампања. Дополнително, беа организирани два други настани на 21 декември во општина Ѓорче Петров и на 23 декември во општина Аеродром каде претставници од општините ги поделија налепниците на граѓаните кои имаат инсталирано обновлив систем за греење. Граѓаните ги поставија зелените налепници на своите објекти или системи со што добивме многу фотографии од различни системи за греење на обновливи извори на енергија кои понатаму ќе бидат пример за добра практика.
Семинарот за обука за посредници и инвеститори беше организиран преку платформата ZOOM на 17.12.2021 година со почеток во 11:00 часот со времетраење од час и половина. Како продолжение на првата обука каде што учесниците беа информирани за опциите на одржливите системи за греење и ладење, како и за важноста на нивната промоција, втората обука беше повеќе фокусирана на алатките што овие учесници би можеле да ги користат за да ги поттикнат крајните корисници да ги заменат нивните неефикасни системи за греење. Затоа, беше претставен калкулаторот на REPLACE за замена на системот за греење како корисна алатка за инвеститорите и посредниците да ги прикажат енергетските и финансиските заштеди и општествените влијанија од замената на неефикасните системи за греење и ладење. Околу 15 учесници беа дел од оваа обука и активно учествуваа во дискусијата. Покрај тоа, тие дополнително ќе ја промовираат на веб-страниците и со тоа ќе ги зголемат капацитетите на крајните корисници.
REPLACE матриците за греење овозможуваат основен преглед при замена на неефикасен систем за греење. Со нивна помош може да се одреди кој систем за греење (обновлив извор на енергија или приклучок на централен систем за греење) одговара на Вашиот индивидуален или станбен објект.
This website uses cookies to improve your experience. All necessary cookies are enabled, but will not collect any personal user data. All non-necessary cookies are disabled. Cookie settingsACCEPT
Privacy & Cookies Policy
Privacy Overview
This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these cookies, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may have an effect on your browsing experience.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.